Aлекса Шапоњиќ: „Станавме пионери на omnichannel продажбата во FMCG секторот во Србија“

Nelt Group avatar Nelt Group 20.03.2020.

Aлекса Шапоњиќ на конференцијата „Future is now“ беше претставник на Nelt.

Aлекса Шапоњиќ, Operational Excellence Manager во Nelt Група, на конференцијата „Future is now“ зборуваше за начините на одржување на планираниот раст во услови на Ковид -19 кризата, потребата за иновации и дигитализација во работењето, промени на навиките на потрошувачите, неизбежноста од промена на моделот на продажба „Go-To-Market”, како и за генералното влијание на пандемијата на продажбата.

„Во времето на кризата предизвикана од пандемијата на вирусот Ковид-19, сметавме дека е потребно, без оглед на нивната големина, да им овозможиме на сите наши купувачи да нарачуваат стоки – преку оператори, апликации или лично. Наместо да го намалиме бројот на продажните места што ги снабдуваме, решивме да ја прошириме нашата дистрибутивна мрежа.

Станавме пионери на „omnichannel“ продажбата на пазарот на Србија во FMCG секторот и на тој начин се погриживме сите производи од нашето портфолио да бидат континуирано достапни за крајните потрошувачи“, рече Алекса.