Небојша Шапоњиќ: „Нашата индустрија е во процес на трансформација“

Nelt Group avatar Nelt Group 03.03.2020.

Небојша Шапоњиќ зборуваше на Копаник Бизнис Форумот 2020.

Небојша Шапоњиќ, еден од основачите на Nelt, вчера учествуваше на панелот „Брзо растечки домашни компании – Различни големини, различни проблеми“ на првиот ден на Копаоник бизнис форумот, најголем деловен состанок во Србија.

Покрај Шапоњиќ, овој панел ги обедини релевантните претприемачи и основачи на start-up за да разговараат за промените во работењето и влијанието на надворешните и внатрешните фактори врз приватните компании.

Шапоњиќ ги посочи темелните промени во бизнисот со дистрибуција и логистика, на кои Nelt е сведок на сите територии на кои работи. „Ние мораме да ја завршиме нашата работа, мораме да ја пренесеме стоката од точка А до точка Б. Економската состојба влијае на нашите резултати, на нашите цени, многу е тешко и немаме многу простор“, рече тој.

Наведувајќи ги клучните предизвици во работењето, Шапоњиќ наведе дека со оглед на состојбата на бизнисот во регионот „нашата индустрија за 10 години ќе се промени до непрепознатливост. Автоматизацијата и дигитализацијата се неминовни, од магацините, до односот со купувачите и принципалите.“