
Небојша Шапоњиќ на Пролетниот Вивалди Форум
Шапоњиќ учествуваше на двата најважни бизнис настани во Србија.
Небојша Шапоњиќ, еден од основачите и сопственик на Nelt Група, учествуваше на најголемиот бизнис настан во Србија.
Пролетниот Вивалди Форум се одржа од 2 дo 4 jуни на Мокра Гора во организација на Мокрогорската школа за менаџмент.
Oвогодинешниот Вивалди Форум им беше посветен на претприемачите и на сите кои планираат да станат претприемачи. Учесниците имаа можност да слушаат различни панели за работењето, успешното водење на кампањи како и за искуството на српските стопанственици.