Nestle го претстави проектот со Nelt Moзамбик

Nelt Africa avatar Nelt Africa 10.08.2021.

ESAR Дистрибутер Конференцијата

Компанијата Nestle, во рамките на големиот африкански настан „ESAR Distributor Conference“, го претстави проектот кој го спроведува со компанијата Nelt во МозамбикКонференцијата се одржа на 26 јули, online.

Дејан Јовановиќ, менаџер за операции и продажба во Nelt Moзамбик, даде појаснувања за новиот начин на работа имплементиран во нашата компанија, која поминувајќи од handheld компјутери на таблети, значително ги подобри своите продажни операции.

Проектот „Automation: Ordering and Selling process“ наведен е во текот на видео презентацијата како еден од примерите за добра практика, со конкретни бенефити во доменот на ефикасност, намалување на администрација, контрола на залихи, собирање на податоци и напредна аналитика.

Со принципалот Nestle, на пазарот на Мозамбик соработуваме уште од 2015 година.