За нас

По 25 години развој, Нелт Група стана синоним за успешен бизнис систем.  Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.

Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.

4.000 вработени

11 пазари

80+ принципали

100+ клиенти во логистика

НАШАТА ВИЗИЈА И ВРЕДНОСТИ

„Ние сме компанија БРОЈ ЕДЕН во примена на комплетни решенија во дистрибуцијата и логистичките услуги.”

Преку испорака на производи со висок квалитет, на најбезбеден и најбрз начин го подобруваме квалитетот на животот на луѓето на пазарите каде што работиме во Југоисточна Европа и под-сахарска Африка.

Во својата работа, ние се потпираме на победнички менталитет, иновативност, личната одговорност, долгорочна перспектива и грижа за луѓе. Kористиме современи технологии и градиме долгорочни партнерски односи со глобалните лидери во соодветните деловни полиња.