Извршен комитет

Милош Јелиќ

Генерален директор на Нелт Група

Mилош на позицијата генерален директор на Нелт Група стапи 2013 година. Како економист со богато искуство од 2000 година, кога му се придружи на Нелт, организацијата ја води на одговорни позиции, од секторот за продажба до самиот врв на менаџментот. Како член на бројни деловни здруженија, стопански комори и други организации се залага за фер конкуренција, професионализам, интегритет и општествено одговорно работење .

Борис Мачак

Потпретседател за африканските пазари

Борис во компанијата е од 1997 година. За време на дваесетгодишната кариера во Нелт ги извршува најодговорните работи на позициите Генерален директор на компанијата Нерегелиа во Црна Гора, Менаџер на продажба на Нелт за Западен Балкан, до моменталната позиција Потпретседател на Нелт Група за африканските пазари.

Никола Ќорсовиќ

Извршен директор за стратегии и трансформации

Никола е на позицијата директор на Стратегии и Трансформации на Нелт Група од почетокот на 2017 година. Пред доаѓањето во Нелт, Никола бил директор за развој на операции и технологии во Jumia Група, прв дигитален стартап од пазарот на Африка кој е на листата на њујоршката берза (NYSE). Искуството во областите стратегии и трансформации го стекнува во комапнијата McKinsey & Company, каде работи на проекти ширум Европа, Африка и Блискиот исток. На позицијата државен секретар во Министерството за финансии на Република Србија поминува година дена. По основните  мастер студии на Економскиот факултет при Универзитетот во Белград, Никола завршува MBA студии нa INSEAD.

Бранислав Лајшиќ

Извршен директор за финансии

Во Нелт се вработува 2002 година на позицијата финансиски аналитичар. По одговорните позиции во сектор финансии на српската компанија Нелт Co, 2017 доаѓа на местото извршен директор за финансии на Нелт Група. Бранислав е економист со диплома од Економски факултет при Универзитетот во Белград.

Роберт Јеноваи

Извршен директор за човечки ресурси

Денес, Роберт е на функцијата Извршен директор за човечки ресурси на Нелт Група. Кариерата во Нелт Роберт ја започна 1997, во продажба, а набргу потоа стана генерален директор на Нерегелија во Црна Гора. Беше пионер на операциите на Нелт на Африканскиот континент, по што го водеше развојот на продажба на Западниот Балкан… Дипломира на Универзитетот Доба во Словенија.

Милан Букоровиќ

Извршен директор за информатичка технологија

Милан му се придружува на Нелт 2017 година, и денес е одговорен за управување со Информатичките технологии на сите компании на Нелт Група. Професионалното искуство го насочува кон ИТ, а со значително искуство се стекнува во Generali Oсигурување, каде напредува од позицијата Software developer до секторски директор. Дипломира на Математичкиот факултет при Универзитетот во Белград.