Кариерa

Нашите колешки и колеги се носители на успехот на Нелт, и затоа големо внимание се посветува на нивниот развој како и на селекцијата на нови, квалитетни и амбициозни кадри. Создадовме пријатно и стимулирачко работно опкружување, нудиме компетитивни заработки со бројни придобивки и посебни поволности за нашите вработени. Долгорочната перспектива, иновативноста, личната одговорност, грижата за луѓето и победничкиот менталитет се нашите вредности кои ги препознаваме и секојдневно ги развиваме кај вработените, како основа за извонредност и квалитет.