Добар старт

Добар старт е платена програма која започна во 2015 година со цел да им се овозможи на младите, просперитетни и амбициозни студенти и дипломирани студенти да ги развиваат своите деловни вештини и да се специјализираат за работа на позиција Key Account Manager. Програмата опфаќа работа на различни позиции во рамките на секторот за продажба, работа со ментори, учество на обуки и работилници. Запознавајќи се со различните нивоа на организација, учесниците осум месеци учат за специфичностите на секоја поединечна позиција, добиваат можност да се усовршуваат на позицијата која е предмет на нивното интересирање и стекнуваат поширока слика за вкупното функционирање на продажбата во големиот работен систем. До сега, по завршената програма, повеќе од 90% од учесниците добија шанса за постојано вработување во нашата компанија и денес се дел од продажниот тим на Нелт.

Видео