Признание на НЕЛТ за најдобар дистрибутер

Nelt avatar Nelt 03.03.2022.

Nelt Mozambique прогласен е за најдобар дистрибутер на годишната „Nestle East and South African Region Distributor Conference 2022″, одржана на 22 февруари под мотото „Accelerating the last mile”.

Нелт освои наградата во категоријата COVERAGE ACHIEVEMENT AWARD за најголем степен на покриеност на пазарот за 2021 во конкуренција од над 50 активни дистрибутери од 20 земји.

„Наградата која ја доби Нелт Мозамбик од страна на нашиот клучен принципал Nestle претставува посебно признание дека го работиме најдобро тоа што е нашата примарна задача, а тоа е дистрибуцијата.” Рече Раде Тодоровиќ, менаџер за операции и продажба за странските пазари, Нелт Мозамбик.