Годишниот појадок со новинарите

Nelt Group avatar Nelt Group 19.10.2017.

Новинарите од дваесетина редакции имаа можност да ги дознаат работните активности.

Годишниот појадок со новинарите кој традиционално го организира нашата компанија се одржа на 18. октомври во познатиот белградски хотел. Новинарите од дваесетина редакции имаа можност да ги дознаат работните активности на Нелт Група и во отворен дијалог со членовите на Управата да се запознаат со клучните проекти на сите наши компании. Овој вид на средба, кој прерасна во годишна практика на нашата компанија, се покажа како ефикасен начин за одржување на позитивни односи со медиумите кои се засноваат на доверба и отвореност.

Милош Јелиќ, извршен директор на Нелт Група, најави остварување на плановите за 2017. и го рекапитулираше успешното работење на членовите на нашата компанија со зборовите: “Успехот го градиме на извонредноста во обезбедувањето на услуги,… посветеноста на вработените и примената на новите технологии. Ќе продолжиме со понатамошното позиционирање на пазарот за логистички услуги, географско ширење и понатамошно инвестирање во развојот. Инвестирањето во образованието на вработените, производните и услужните капацитети на сите компании во нашиот систем и подобрувањето на соработката со локалната заедница ќе бидат нашиот фокус и во иднина”.

Милан Радивојевиќдиректор за развој на бизнисот на Нелт Група, ги објасни системите за комплетни решенија за дистрибуција, презентирајќи ги при тоа клучните стратешки правци за понатамошниот развој на Групата, новите брендови и успешните резултати на компаниите Banim и TakoLako, неодамнешни аквизиции на Нелт.

Драгана Шкрбиќдиректорка на Ланецот за снабдување на Нелт Група, за 2018. година најави инвестиција од 15 милиони евра во развој на новите услуги на пазарите, изградба на 22.000 m2 магацински и канцелариски простор во Белград и Сараево, имплементација на нови технологии во планирањето на залихи, транспоорт и складирање, како и личен и професионален развој на вработените. Целта е креирање на регионална логистичка мрежа која е веќе актуелизирана преку соработка со германскиот гигант, компанијата Dachser.

Каков е процесот на трансформација кој го спроведува нашата компанија и кои се неговите цели, објасни Никола Ќорсовиќ, директор за стратешко планирање Нелт. Ја истакна важноста од почитувањето на ставовите на вработените при донесувањето клучни одлуки. Како пример го наведе истражувањето на здравјето на организацијата кое го спроведовме во текот на 2017, користејќи ја методологијата на компанијата McKinsey & Company споредувајќи се со најдобрите светски 1200 компании.