Донација преку “Мрежа за прераспределување на храна” во Македонија

Nelt avatar Nelt 08.07.2020.

Нелт СТ и Baby Food Factory донираат.

Нелт СТ од Македонија, учествуваше во проектот “Одржлива мрежа за спасување на храна” преку донација на Нутрино производи во вредност од 15 500 евра.

Преку правилно управување и намалување на вишокот на храна придонесуваме кон заедницата  во која живееме”- изјавува Блаже Јосифовски од организацијата Ајде Македонија и додава дека ова е еден од начините за радуцирање на последиците од климатските промени.

Нелт донираше 16 875 парчиња на Нутрино производи во вид на храна и бебешки сокчиња.

“Упатуваме голема благодарност до Нелт СТ. Производите кои компанијата ги донираше ќе бидат распределени на дечињата од социјално загрозените семејства и се дел од организациите како: Легис, Доверба, Љубезност, Св.Спас, Хопс, Утешител и  Центар за деца на улица од Шуто Оризари”, додава Јосифовски.