Интервју: Радован Радуловиќ, извршен директор на компанијата Монтеномакс

Montenomaks avatar Montenomaks 18.07.2019.

„Компанијата Монтеномакс, со посветеноста и континуираната работа на унапредување на своите услуги, од година во…

„Компанијата Монтеномакс, со посветеноста и континуираната работа на унапредување на своите услуги, од година во година постигнува сè подобри деловни резултати и гради препознатлив имиџ. Перципирани сме како компанија која претставува важна поддршка на сите клиенти во областа на логистиката, како во Црна Гора така и надвор од нејзините граници“, изјави за Весникот на Стопанската комора на Црна Гора Радован Радуловиќ, извршен директор на компанијата Монтеномакс. 

Од своето основање, во 1999 година, Монтеномакс има континуиран развој кој се движеше во правец на заокружување на услугите и достигнување на светски признатите стандарди.

Кои се услугите кои им ги пружате на клиентите?

Радуловиќ: Развојот на компанијата бара големо вложување, но и одговорен пристап кон барањата на пазарот. Дејноста ја насочуваме во правец на светските трендови во областа на логистиката. Поврзано со ова, и услугите кои ги нудиме се движат кон што поуспешно и посовремено решавање на потребите на нашите клиенти. Благодарение на тимот на експерти на Монтеномакс вршиме услуги на интегрирана логистика, од транспорт, регулирање на царинска документација и складирање, до манипулација со стока (ВАС) и дистрибуција до крајниот корисник.

Ги наведовте услугите на интегрирана логистика како дел од својата пракса. Што точно се подразбира под терминот „интегрирана“ и кои се нејзините предности?

Радуловиќ: Инвестицијата во Дистрибутивно-логистичкиот центар во Даниловград, во чии рамки функционира Царинска испостава Даниловград ни овозможи од 2011 година на пазарот да понудиме интегрирана услуга и преземање на целосна грижа за стоката на клиентите, по што Монтеномакс е единствен во Црна Гора.

Денес, интегрираната логистичка услуга на Монтеномакс ги обединува меѓународниот транспорт, царинското посредување, манипулацијата со стока и дистрибуцијата до крајниот корисник. Покрај тоа, Монтеномакс нуди и услуги на курирска служба на територијата на цела Црна Гора.

За безбедноста и квалитетот на стоката задолжен е тим од 140 одговорни и стручни лица, кои со својата ефикасност и енергија го прават Монтеномакс веродостоен партнер на домашниот и регионалниот пазар.

Што опфаќа услугата на складирање и зошто Монтеномакс е важен партнер за компаниите на кои овие услуги им се неопходни? 

Радуловиќ: За многу компании складирањето претставува еден од предизвиците во синџирот на испорака на стоката од појдовната до крајната точка. Кога станува збор за специфична стока која бара посебни услови, од голема важност е компанијата која ја пружа таа услуга истата соодветно и да ја исполни.

Дистрибутивно-логистичкиот центар, каде воедно се наоѓа и седиштето на компанијата Монтеномакс, се наоѓа во Даниловград, на површина од 20 000 m². Компанијата располага со 10 500 m² складиштен простор, и тоа 7 000 m² во Подгорица и 3 500 m² во Даниловград. Капацитетите се 10 000 палетни места во современи високорегални палетни системи (PAL RACK) и 1 500 m² блок-складишта за непалетизирана стока. Складиштата се опремени со најсовремена складиштна опрема и технологија, вклучително и WMS Gold и технологија за комисионирање на стока со гласовни команди – Pick by Voice.

Без оглед на тоа за кој вид на стока станува збор, складиштните простори на Монтеномакс ви нудат опција за складирање во амбиентален и температурен режим (0°C до +8°C и +10°C до +20°C). На тој начин можеме да ги следиме и сите посебни барања кои одредена категорија на стока може да ги има.

Во рамки на Дистрибутивно-логистичкиот центар во Даниловград регистрирано е Јавно царинско складиште од тип „А“ со дозволи и применети стандарди за складирање на секаков вид стока од широката потрошувачка. Зошто е ваквото складиште важно? 

Радуловиќ: Во согласност со Уредбата за спроведување на царинскиот закон овде се вршат активности на одвојување на стоката за парцијално царинење и транзит, земање примероци согласно барањата на инспекциските органи, како и складирање на стоката до конечно одобрување. Во зависност од потребите на клиентот, стоката може да се складира по ден, недела или месец, по што се транспортира во просториите на Монтеномакс со редовни дневни линии, а оттаму се дистрибуира до крајниот корисник, во најкраток можен рок. Во сите складишта се инсталирани видео- и алармни системи, како и физичко обезбедување, што гарантира за безбедноста на складираната стока во сите наши складишта. Складираната стока е обезбедена од сите ризици до нејзината целокупна вредност.

Уште една услуга која ја нуди Монтеномакс Ц & Л е збирниот друмски транспорт. Колку црногорските компании се одлучуваат за оваа услуга и во какви ситуации оваа услуга е најдобриот избор?

Радуловиќ: Збирниот друмски транспорт значи дека на едно место се складираат сите пратки и потоа во ист камион заедно се испорачуваат до своите крајни дестинации. Кога одредена пратка се испорачува на повеќе локации во земјата или регионот, збирниот друмски транспорт пружа голема флексибилност. Во соработка со странски партнери, Монтеномакс организира транспорт од сите европски дестинации, во рок од 7 работни дена од моментот на прием на нарачката, до нејзината конечна испорака. На годишно ниво се реализираат повеќе од 3000 транспортирани пратки.

Со организација на пет редовни збирни линии се обезбедува пратката брзо и безбедно да пристигне на посакуваната адреса. Редовните збирни линии од Србија, Босна, Хрватска, Косово и Албанија вклучуваат 13 возила неделно. Од Западна и Централна Европа, директни линии кон Црна Гора тргнуваат три пати неделно, преку платформа во Австрија и Хрватска.

Повеќе од 20-те години искуство и повеќе од 60 000 обработени предмети годишно ја направија Монтеномакс прв избор на компаниите во Црна Гора и доказ дека компанијата е на вистинскиот пат кон развојот. Како ја гледате иднината на компанијата и кои се наредните чекори во развојот кои би биле од важност за работата на црногорските компании?  

Радуловиќ: Како што истакнав на самиот почеток, Монтеномакс е компанија која постои од 1999 година, а веќе 14 години сум на нејзино чело. Оттука, знам дека секоја година носеше нови предизвици, но и нови идеи кои подоцна станаа успешна пракса. Сигурен сум дека времето пред нас, кое е во знак на технолошките промени, носи и нови трендови во областа на логистиката.

Од јуни 2017 година станавме дел од групација Нелт која успешно работи на 11 пазари, на 2 континента. Тоа ја зацврсти позицијата на Монтеномакс на домашниот пазар, а отвори  можност и за ширење на надворешниот пазар, првенствено на пазарите на земјите во регионот. Благодарение на оваа поддршка веруваме дека наскоро ќе станеме препознатливи како регионално почитувана компанија.