Информации во врска со активностите во Nelt Групата во врска со пандемијата на вирусот Covid 19.

Nelt Group avatar Nelt Group 30.03.2020.

Информации во врска со активностите во Nelt Групата во врска со пандемијата на вирусот Covid…

Изминатиов месец преземаме конкретни мерки во внатрешната комуникација и известување со цел превенција во добивање и ширење на вирусот кај вработените.

Од понеделник 16.03. повеќето колеги од back-office упатени се на работа од дома. Загрозените групи испратени се на платено отсутво. Сите наши вработени на теренот се информирани и опремни со неопходните средства за заштита и дезинфекција. Откажани се сите деловни патувања, и забранети се состаноци со повеќе од три учесници.

Создадовме Тим за кризни ситуации кој се состои од клучните менаџери и специјалисти на Nelt кои го модифицираа планот за  одржување на континуитет на нашето работење во сегментите дистрибуцијат и логистика. Вршиме секојдневна координација и имаме состаноци преку Microsoft Teams.

Дефинирани се клучните функционалности и планирани чекори кои се во врска со операциите кои ги извршуваме, за да можеме на време и во најдобра возможна мерка да ги снабдиме пазарите со производите од нашето портфолио.

Нашите работници во магацините, доставувачите, продавачите, изложувачите на стока, се дневно на терен. Работните процеси функционираат во нормален мод, а со принципалите, државните институции, работните организации и со останатите деловни партнери секојдневно имаме контакт и координација.

Ние продолжуваме посветено да се грижиме за вработените на сите пазари, кои се гордост на нашата компанија во овие тешки моменти за сите граѓани на светот. Нашиот фокус е на снабдување на населението, на кое му се потребни нашите производи за што е можно поедноставно да ја надмине моменталната ситуација.

Компанијата Nelt донираше 240.000 eвра во Републичкиот фонд за здравствено осигурување за набавка на 10 респиратори за лекување на најтешките форми на болеста Covid 19, додека Neoplanta, која работи во составот на Nelt Групата подари стока во вредност од 6.000.000 динари, како дел од пакетот за акција помош зa 173.000 Белграѓани постари од 65 години кои се со најниски пензии.

 

Maркo Mиланковиќ

Meнаџер за корпоративни комуникации во Nelt група