Монтеномакс компанија во рамките на Нелт Група

Montenomaks avatar Montenomaks 18.07.2017.

Монтеномакс е нова компанија во рамките на Нелт Група.

Нерегелиа, лидер на дистрибутивниот пазар во Црна Гора, во име на својот основач од неодамна управува со 80% од компанијата Монтеномакс C&L, која нуди услуги на логистика и шпедиција.

‘’Како што најавивме неодамна за време на прославата од 20 години постоење на нашата компанија, продолжуваме да ја шириме областа со фокус на интегрирани логистички услуги. Со големо задоволство можам да ја известам јавноста дека штотуку е завршена аквизиција на компанијата Монтеномакс, со чиј поголем дел од денес управуваме. ‘’ Соопшти извршната директорка на компанијата Нерегелиа Љиља Пижурица, која додава ‘’Наша стратешка цел е работната совршеност од домен на дистрибуција на Нерегелиа, со долгогодишно искуство во логистика и шпедиција на Монтеномакс , да ја претставиме на пазарот како единствена услуга на интегрирани логистички услуги.’’

Компанијата Монтеномакс C&L е најголема црногорска логистичка  компанија. Благодарејќи на тоа што стана дел од регионалното семејство како што е Нелт Група, очекува големо ширење  на пазарот надвор од Црна Гора.

‘’Компанијата Монтеномакс C&L денеска е лидер во логистика и шпедиција во ЦГ со 140 вработени и промет од преку 4.000.000 евра. Убедени сме дека со новиот сопственик, во Нелт Групата, ќе оствариме уште подобри резултати и ќе се позиционираме како регионална респектабилна компанија’’ наведе извршниот директор на компанијата Радован Радуловиќ.