На Nergelija ѝ е доделен Статус на овластен економски оператор

Neregelia avatar Neregelia 17.09.2020.

Безбедност во синџирот на снабдување.

Во согласност со највисоките стандарди на ЕУ во областа на соработка и партнерство помеѓу царината и бизнис заедницата (AEO концепт) Управата на царина на Црна Гора ѝ го додели првиот статус на овластен економски оператор на компанијата Neregelia од Подгорица, една од 15 компании на Nelt Група.

Концептот на овластен економски оператор (АEO) кој го воведе Светската царинска организација (WCO) се заснова на партнерство помеѓу царинските органи и економските оператори, како би се остварила заедничка цел – безбедност во синџирот на снабдување.

Oва е потврда за доварба, квалитет, транспарентност и легалност на работењето кое го негуваме од основањето на компанијата во Црна Гора. Посветени сме на целосна транспарентност во односите со сите партнери, деловни и државни, со намера и понатаму да продолжиме да ги градиме и зајакнуваме меѓусебните односи. Neregelia сака да биде активен партнер во развојот на општеството и со тоа да придонесеме кон европскиот пат на Црна Гора“ изјави извршната директорка на Nelt Група за пазарите на Црна Гора и Албанија, Љиљa Пижурицa.

Поедноставување, забрзување на царинските постапки и намалување на трошоците од работењето се основни предности од стекнување на статусот AEO.