Небојша Шапоњиќ на CEO самитот

Nelt Group avatar Nelt Group 01.12.2021.

Шапоњиќ го истакна концептот на грижа за луѓето.

Небојша Шапоњиќ, еден од основачите на Нелт Група, беше панелист на овогодинешниот Самит на економски лидери, еден од најважните деловни настани во годината.

Шапоњиќ учествуваше на заклучиот панел насловен „Регионален поглед на економската иднина“. Учесниците на самитот ги изнесоа своите ставови за актуелните теми на инфлација, порастот на енергетските трошоци и влијанието на Ковид врз нарушувањата во глобалните и регионалните синџири на снабдување.

Шапоњиќ го истакна концептот на грижа за луѓето, кој особено дојде до израз во текот на пандемијата.

Панелистите заклучија дека регионалната поврзаност и отвореност се неопходни за забрзан развој на сите држави на Западниот Балкан, претворајќи ги предизвиците во можности за раст и развој на локалните индустрии, произведувачи и брендови.

CEO Summit Белград е најважниот деловен настан во годината, каде говорниците се највисоки раководители, сопственици и членови на управни одбори на најуспешните домашни, странски и регионални компании од реалниот и услужниот сектор.