Нелт СТ член на Американската стопанска комора во С. Македонија

Nelt avatar Nelt 23.08.2022.

Компанијата Нелт СТ стана член на Американската стопанска комора (AmCham) во Северна Македонија, соопшти одборот на директори на ова здружение.

На состанок со директорката на AmCham, Јелена Арсовска, присуствуваа извршниот директор на Нелт СТ Сашко Блажевски, Менаџерот на логистика Методија Христовски и Сениор бизнис партнерката за човечки ресурси Снежана Враговска.

„Горди сме што нашиот труд и работа се ценат и што нè препознаа како општествено одговорна компанија која има за цел да им овозможи на вработените најдобри услови за работа и значајно да допринесе во општеството“, истакна Сашко.