Ново лого на Neoplanta за нови вкусови

Neoplanta avatar Neoplanta 01.06.2021.

Победник на наградниот конкурс е Душан Китановиќ.

Нашата компанија Neoplanta кон крајот на февруари отвори награден конкурс за дизајнерско решение на новото лого. На конкурсот „И некогаш и сега, Neoplanta e Нови Сад”, учествуваа преку 250 дизајнери од цела Србија, а победничкото решение пристигна од Лесковац.

Конкурсот е распишан по повод изработка на ново креативно решение – логотип на Neoplantа, со кое сакавме да ја зацврстиме врската со Нови Сад, чие латинско име со гордост го носи нашата компанија.

Душан Китановиќ, графички дизајнер од Лесковац, го освои првото место и парична награда од 3.000 евра, покажувајќи на тој начин дека на најдобар начин ја сфатил врската помеѓу Нови Сад и  Neoplantа.