Отсега во Нелт „Ден за нововработени”

Nelt Group avatar Nelt Group 13.02.2019.

Полудневната програма е посветена на сите колешки и колеги кои тукушто се приклучуваат на Нелт.

Првиот „Ден за нововработени“ е одржан на 13.02. во Централниот дистрибутивен логистички центар во Добановци. Полудневната програма е посветена на сите колешки и колеги кои тукушто се приклучуваат на Нелт и е еден од начините на кои од почетокот на оваа година го унапредивме Onboarding-от за нововработени.

 

Со зборовите „Веруваме дека станавте дел од тим кој победува на долгорочни патеки“ на новите вработени добредојде им посака Милица Јовиќ, извршен директор за човечки ресурси на групацијата Нелт.

 

Оваа новина на новите колешки и колеги од сите градови на Србија им овозможува да се запознаат и на внимателно осмислен начин да се информираат за основните сегменти на работењето на компанијата, визијата, вредностите, историјатот, како и регулираните обврски со основниот закон (обука за противпожарна заштита, прва помош итн.)