Победници во Македонија

Nelt Group avatar Nelt Group 29.01.2020.

Hа ниво на Nelt Група пристигнаа преку 3.300 пофалби.

И во Македонија имаме можност честитките по повод најголемиот број на добиени пофалби да ѝ ги упатиме на една колешка – Катерина Кирилова Грковска.

 

Катерина е вработена на позицијата Специјалист за услуги на клиентите, и оваа година ја освои титулата Нај колешка. Кате 2017 година, ја освои специјалната награда за најмногу гласови од различни сектори.

Покрај неа, на овогодинешната прослава на Нова Година, беше награден и Oливер Мирчевски за Придонес во организациската култура: Покажан тимски дух. Оливер е вработен како работник во магацин. Специјална награда доби и Валерија Петрушка, асистент за продажба. Таа е наградена за исклучителна меѓусекторска соработка. Кети Стоилковска, асистент во сервисот  на клиенти, напиша најмногу пофалеби и со тоа заслужено ја доби наградата за промоција на културата на пофалби.

Aкцијата „Пофали го колегата“ оствари нов рекорд – на ниво на Nelt Група пристигнаа преку 3.300 пофалби.