Претставена е Стратегијата на Нелт Група „Accelerate 2025”

Nelt avatar Nelt 31.03.2022.

Meнаџментот на Нелт Група ја претстави Стратегијата за следните три години работење под името „Accelerate 2025” која има за цел да го подобри работењето во сегментот на дистрибуција, логистика и Нелт брендови, кои се засноваат на здрава организација и корпоративни вредности.

Стретегијата ја претставија Извршниот директор на Нелт Група Mилош Јелиќ, Извршниот подпретседател Дарко Лукиќ, Генералниот директор на Фабриката за детска храна Ненад Николовски, Генералниот директор на Неопланта Ацо Томашевиќ, Извршниот директор за финансии Бранислав Лајшиќ, Менаџерот за продажба и развој на домашни логистички услуги Ненад Диковиќ, Менаџер за подобрување на операциите во дистрибуција Ивица Томиќ, Менаџер на операции на Нелт Pharmaceutical Миленко Рибиќ, Менаџер за подобрување на операциите Ненад Ракочевиќ, Менаџер за дигитални производи Алекса Шапоњиќ, Менаџерка за управување со податоци Биљана Атанасковиќ и Извршен директор за информациска технологија Милан Букоровиќ.

На самиот почеток на присутните им се обрати Милош Јелиќ, кој го спомна фактот дека се зад нас две години со комплексни и непредвидливи околности и прилагодување на новиот начин на работа. Како што наведе, Нелт одлично ги издржа овие предизвици, а 2021 година според сите индикатори на работењето беше успешен, не само во смисол на профит, туку и квалитативно, во изградбата на вредностите и односот кон вработените и кон клиентите.

Како што истакна Дарко Лукиќ, целите на Стратегијата се идентификација на новите партнери во дистрибуцијата и логистиката, стратешките иницијативи, одржливите извори за раст со постоечките бизниси, предуслови за да се оствари стратегијата, како и ребалансирање на профитот помеѓу дистрибуцијата, логистиката и брендовите.

Меѓутоа, за да биде исполнета Стратегијата, неопходно е да исполниме одредени предуслови, а тоа се здрава организација, подобрување на знаењата и вештините на сите нивоа на компанијата, соодветна инфраструктура и технологија, како и создавање на извори на конкурентска предност.

По презентирањето на Стратегијата, како изненадување за сите присутни, на настанот му се придружи актерот, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ, кој со Менаџерот за комуникации Марко Миланковиќ на бината разговараше за деловниот аспект на филмската индустрија, за важноста на маркетингот во филмот, што значи визијата во светот на бизнисот, а што во уметноста и за слични теми.

Настанот се одржа во Музејот на Југословенската кинотека и на истиот присуствуваа сите менаџери и директори на компаниите на Нелт во регионот. Бидејќи африканските експерти не беа во можност да присуствуваат на настанот, целата презентација ја следеа во живо на нашиот Youtube канал.