Сите нај колеги во Африка

Nelt Afrika avatar Nelt Afrika 18.03.2020.

Колеги и колешки во Ангола, Замбија и Мозамбик се собраа за да ги поздрават и…

Како и минатата година, колегите беа повикани да напишат пофалби согласно компаниските вредности и однесувањата кои ги препознаваат кај своите најблиски соработници. Новата година донесе и нов рекорд. На ниво на Групата пристигнаа преку 3.300 пофалби.

 

Последниот ден од 2019 година, нашите колешки и колеги во Ангола, се собраа за да ги поздрават и да им честитаат на најдобрите колеги. Бидејќи добија ист број на пофалби, Леонардо Маркуес (Leandro Marques), продавач и Франциско Симао (Francisco Simão), Мерчендајзер, заедно ја носат титулата „Нај колега”.

 

Во Мозамбик најголем број на пофалби му припадна на порано наградуваниот колега кој се вика Феликс Маркос Магагула (Felix Markos Magagula). Феликс е вработен на позицијата административен асистент и титулата Нај колега ја освои и во 2017 година, рамо до рамо со својот колега Кримилдо Гарине.

 

Сличните околности и во Замбија доведоа до тоа првото место да го делот дури тројца колеги. Ориентал Чијаби (Oriental Chiyabi), супервизор при складирање, Бен Сијамана (Ben Siyamana), доставувач и Николас Јатва (Nicholas Jatva), Pre-seller, се „Нај колеги” во оваа земја.