Јелиќ: Горд сум што сум на чело на еден ваков тим

Nelt Group avatar Nelt Group 23.04.2020.

“Помина еден месец од воведувањето на вонредната состојба. Ситуацијата е комплексна и тешка на сите пазари на кои работиме. Меѓутоа, денес со гордост сакам да го истакнам тоа што заслужува особено внимание и што ја прави силна нашата организација. А тоа сте сите вие, нејзините вработени.

Повеќе од еден месец успеваме вонредната ситуација да ја држиме под контрола. Ги покажавме победничкиот менталитет и способноста многу брзо да се прилагодуваме, организираме и да ја извршуваме нашата работа, дури и во ситуации кога тоа изгледа невозможно.

Сакам да ви се заблагодарам на трудот кој го вложувате во својата работа и на поддршката која меѓусебно си ја давате, а на вашите семејства да им се заблагодарам на огромното разбирање кое го имаат во овие тешки услови за работа. Свесни сме дека компанијата понекогаш е принудена, поради долгорочната одржливост, да носи тешки одлуки, кои не се секогаш популарни, и затоа сме ви дополнително благодарни, за сето разбирање кое го покажавте досега.

Овој пат би сакал да ги истакнам нашите колешки и колеги на теренот, во магацините и производството, кои без оглед на вонредната состојба, во изминатиот месец неуморно и без страв ја извршуваа својата работа. И покрај пречките со кои се соочуваат и предизвиците кои се поставуваат пред нив, тие покажуваат голема решителност и не се откажуваат.

Како компанија, ја оправдавме важноста на нашата улога на сите пазари на кои работиме. Благодарение на напорите на сите нас, продавниците се добро снабдени, а на граѓаните им е обезбедена достапност на потребните намирници, без појава на загриженост и паника. Треба да се гордееме со тоа!

Ви благодарам што покажавте дека можеме да сметаме едни на други дури и кога не е сè толку идеално, а тоа е посебната сила на една организација. Горд сум што сум на чело на еден ваков тим!

Вам и на вашите семејства ви посакувам да бидете здрави и со добро расположение. Ние продолжуваме да се придржуваме до пропишаните мерки колку што е потребно, за да се заштитиме себеси и другите.”

Милош Јелиќ
CEO Nelt Group