Nelt му беше домаќин на амбасадорот на САД

Nelt Group avatar Nelt Group 04.02.2020.

Aмбасадор на Соединетите Американски Држави во Србија го посети Nelt во Добановци.

Неговата екселенција Ентони Годфри (Anthony Godfrey), амбасадор на Соединетите Американски Држави во Србија, на 31 јануари го посети Централниот логистичко дистрибутивен центар на Nelt во Добановци.

На состанокот со основачите и менаџментот на компанијата, Амбасадорот беше запознаен со работењето на Nelt Групата на Западниот Балкан и во Африка, со клучните насоки на стратешките планови, општествено одговорните активности и предизвици со кои се соочува компанијата во своето работење.

Aмбасадорот ги пренесе ставовите и напорите на амбасадата да помогне во напредокот на економскиот амбиент во Србија и нејзиниот пат кон Европската унија, со благодарност на Nelt на квалитетната дистрибуција и на презентираните американски брендови на пазарите на Србија и регионот.