Baby Food Factory – Инвестиција на годината

Baby Food Factory avatar Baby Food Factory 29.03.2019.

Компанијата Baby Food Factory е добитник на наградата за инвестиција на годината во Србија, „Ауреа…

Компанијата Baby Food Factory е добитник на наградата за инвестиција на годината во Србија, „Ауреа 2019“, која по единаесетти пат по ред ја додели деловниот портал eKapija. На свечената церемонија на извршниот директор на компанијата Жељко Цигановиќ наградата му ја врачи Ненад Поповиќ, министер за иновации и технолошки развој во Владата на Србија.

Наградата, во првата половина од секоја година, се доделува на компанија која во претходните дванаесет месеци реализирала иновативен, општествено корисен и финансиски исплатлив проект во Србија.

„Наградата за инвестиција на годината за нашата компанија е посебен вид на признание и доказ дека Baby Food Factory е препозната како проект кој придонесува за враќање на домашната индустрија за храна за деца на местото кое го заслужува, но и подобрување на извозните потенцијали во овој сегмент. Оваа инвестиција навистина претставува значаен чекор на нашиот пазар за храна за деца, бидејќи внесовме нови стандарди во производството и на потрошувачите им понудивме висококвалитетна и здрава храна за деца. Нашите производи веќе го трасираат патот на пазарите во регионот и во Заедницата на независни држави, а имајќи предвид дека е завршена едвај првата фаза на инвестирање, во годините кои следат нè очекуваат дополнителни вложувања, проширување на асортиманот и освојување на нови пазари. Посебно сме горди на фактот дека станува збор за домашна инвестиција, благодарение на која во нашата земја имаме модерна фабрика која може да стои рамо до рамо со големите светски производители, а на родителите и најмладите да им понуди највисок квалитет“, рече Жељко Цигановиќ, извршен директор на компанијата Baby Food Factory, при врачувањето на признанието.