Соработка меѓу Нелт Група и Економскиот факултет

Nelt Group avatar Nelt Group 15.11.2019.

Компанијата Нелт додели награди на тројцата најдобри студенти кои денеска дипломираа.

На свеченоста по повод одбележување на 69 години од основањето на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје, компанијата Нелт додели награди на тројцата најдобри студенти кои денеска дипломираа. На свеченоста за доделување на дипломи и награди претходеше потпишување на Меморандум за соработка меѓу Нелт Група и Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.

Студентите на свеченоста ги поздрави Алекса Шапоњиќ, член на сопственичкиот одбор и проект менаџер во Нелт, кој потенцираше колку за компанијата е важно да ги отвори вратите за студентите, да им ја покаже практичната страна на бизнисот и да ги мотивира за да ја градат својата кариера во рамки на едно големо семејство какво што е Нелт.

“Целта на поврзувањето е да им се овозможи на студентите раното искуство да го стекнат и во тек на факултетот но и потоа”, рече Алекса Шапоњиќ.

“Jа гледам долгорочната можност за соработка на Економскиот факултет со Нелт, да почне оваа групација да размислува како да регрутира студенти од Економскиот факултет во Скопје за нивните потреби во иднина” рече деканот проф. Д-р Трпески.

Наградени од оваа генерација беа Симона Николовска, Александар Гоговски и Александра Колева,  како студенти кои го завршиле Економскиот факултет со највисок просек.