Campina брендови во дистрибутивното портфолио

Nelt avatar Nelt 11.06.2021.

Campina асортиманот во Босна и Херцеговина.

Oд минатиот месец компанијата Nelt д.o.o. дистрибуира производи на брендот Campina во Босна и Херцеговина.

Friesland Campina е еден од најголемите светски производители на млеко и млечни производи, со традиција долга 150 години. Компанијата е основана со здружување на локалните фармери во Холандија 1871 година, преку аквизиција го проширува работењето на 38 земји и денес вработува околу 24.000 луѓе. Го наоѓа патот до милион потрошувачи дневно во дури 100 земји.

Со мисија да обезбеди квалитетна исхрана за луѓето во светот, Friesland Campina портфолиото се заснова и на производи за исхрана на деца, готови и полуготови производи за употреба во фармацевтскиот сектор, како и на производи наменети за угостителството.

Campina асортиманот во Босна и Херцеговина се состои од:

Fruttis – Овошни јогурти со различен процент на масти и со различни овошни вкусови;
Puddis – Mлечни пудинзи со исклучително кремаст вкус, во практични пакувања за возрасни и деца;
Cessibon – Шлаг во спреј идеален за Horeca каналот за кафе и десерти.