Nelt повторно помеѓу „100 најголеми во БиХ“

Nelt avatar Nelt 08.10.2021.

Рангирањето е направено врз основа на завршните финансиски показатели, по приход, добивка и извоз.

На настанот „100 најголеми во Босна и Херцеговина“, кој по 34. пат се реализираше во Сараево, Nelt доби признание за втора најуспешна компанија во категоријата големи претпријатија по приход.

Рангирањето е направено врз основа на завршните финансиски показатели, по приход, добивка и извоз. Оваа година беа рангирани 744 компании.

„Во своето работење се потпираме на корпоративните вредности: победнички менталитет, иновативност, лична одговорност, долгорочна перспектива и грижа за луѓето. Со квалитетот на услугите кои ги обезбедуваме, овие вредности долгорочно ни носат успех. Преку наведените постулати на нашата компанија, го дефиниравме односот на вработените едни кон други, кон деловните партнери и купувачите, како и кон самата компанија. Најважниот ресурс и основата на успешниот бизнис на Nelt се нашите вработени“, изјави Горан Церовина, извршен директор на Nelt БиХ.