НЕЛТ СТ добитник на награда за најдобра Employer branding кампања

Nelt avatar Nelt 10.05.2023.

Oбјавено на манифестацијата “Работодавач на годината“

Нелт СТ е добитник на специјална награда за најдобра Employer branding кампања во 2022 година, што е објавено на манифестацијата “Работодавач на годината“ организирана од сајтот за работа vrabotuvanje.com

Наградата беше примена од извршниот директор на Нелт СТ, Сашко Блажевски, а на настанот присуствуваа и колешките од секторот за човечки ресурси, Снежана Враговска, senior HR бизнис партнер и Деспина Попоска, HR бизнис партнер.

Категоријата во која Нелт е награден подразбира PR активности кои, како што е споменато на сајтот, се покажале како одлучувачки фактор во создавањето на имиџот на компанијата, а со тоа и во привлекувањето на потенцијални нови вработени и задржување на колегите кои веќе се дел од компанијата.

“Во атмосферата на нашата компанија, владее ентузијазам, заедништво, победнички менталитет и задоволство преку постигнатите (па дури и надминати) цели. Тоа е резултат на непрекинатиот труд со кој создаваме дополнително задоволство за нашите вработени. Во изминатите 2 години ги подобривме сите процеси, го зголемивме бројот на вработени на масовните позиции, ги зголемивме платите на вработените и донесовме нов сет атрактивни поволности. Оваа награда доаѓа во вистинско време и е одлично признание за трудот и сите активности кои ги реализиравме во претходниот период. Продолжуваме заедно да ги славиме успесите!” рече Снежана.

Манифестацијата е организирана во рамките на прославувањето на 20 годишнината на  најпознатиот сајт за пребарување работа во Северна Македонија, а на настанот присуствуваа и многу луѓе од македонската бизнис заедница, сопственици на најголемите македонски компании, директори на странски претставништва, како и гости од регионот.