#Accelerate People: Пораст на заработувачката и приватно здравствено осигурување

Nelt avatar Nelt 29.08.2022.

За вработените во Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија.

Мотивирани, посветени и компетентни вработени веќе три децении се главниот двигател на напредокот на Нелт Група, а одличните корпоративни резултати ги остваруваме благодарение на една од клучните вредности – грижа за луѓето, која е дел од организациската култура.

Дека како компанија сме доследни на вредностите кои ги промовираме, потврдивме и со значително вложување на дополнителни средства за нашите вработени.

Повеќе од 3.200 вработени на неменаџерски позиции на пазарите во Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија, ова лето добија покачување на заработувачката, односно бенефит за приватно здравствено осигурување.

Со пораст на заработувачката се опфатени 2.700 вработени, што за компанијата претставува дополнително вложување од 1.800.000 евра на годишно ниво. Придобивките од приватно здравствено осигурување ги проширивме на уште 500 колешки и колеги, а за овој бенефит се планирани дополнителни вложувања од 300.000 евра годишно.

Извршната директорка за човечки ресурси, Бојана Мучиќ, овој чекор го гледа како дел од стратешкото определување на компанијата важните одлуки да ги носи водена од грижата за луѓето.

„Тежнееме кон тоа да создадеме пријатно и мотивирачко опкружување кое ќе ги инспирира вработените во секојдневната работа и ќе им обезбеди чувство на сигурност и долгорочна перспектива. Покрај останатите постоечки поволности и претходни измени во заработувачката, и овие бенефити се чекор напред кон зголемување на задоволството на вработените и зацврстување на позицијата посакуван работодавач на сите пазари на кои работиме“, порачува Бојана.