Nelt повторно меѓу топ 3 најпосакуваните работодавачи во БиХ

Nelt avatar Nelt 24.04.2021.

Осмо признание на Nelt за Најработодавач во областа на дистрибуцијата.

Според истражувањето кое го спроведе порталот MojPosao.ba, Nelt е во топ 3 компании во БиХ кои се најпосакувани работодавачи зa 2020 година. Воедно ова е и осмо признание на Nelt за Најработодавач во областа на дистрибуцијата.

Покрај редовното истражување „Најпосакуван работодавач во БиХ“, порталот MojPosao.ba оваа година имаше и дополнителна цел. Испитана е и промената на перцепцијата на граѓаните за најпосакувани работодавачи во текот на годината предизвикани од пандемијата, како и факторите кои влијаеле на тоа. Во истражувањето учествувале 15.000 луѓе.

„Драго ми е што сите учесници во ова истражување воочиле дека Nelt БиХ, како компанија во областа на дистрибуцијата, е ставена во топ 3 најпосакувани работодавачи на територијата на БиХ зa 2020 година. Наидовме на проблеми поради негативното пандемиско влијание, кои во одредени моменти го забавија нашето бизнис дејствување. Сепак, дојде и до реализација на нови идеи, со оглед на тоа што нашето портфолиот се прошири со значителен број на производи со врвен квалитет и традиција. Бенефитите од овие деловни движења ги очекуваме и во периодот што следи. Во условите кои ги создаде КОВИД пандемијата, ова ласкаво признание е уште еден доказ дека позитивниот став, мотивацијата, меѓусебната доверба и тимската работа се најдобриот пат до успехот. Се надеваме на уште подобро позиционирање на пазарот, затоа што, ние како Nelt, го задржуваме правото да бидеме нескромни и да се стремиме кон статусот на лидер.“ рече Горан Церовина, извршен директор на Nelt БиХ.

Со проектот Најпосакуван работодавач се промовира позитивната практика за управување со човековите потенцијали во БиХ како дополнително би се мотивирале компаниите да ги подобруваат своите односи кон вработените, да понудат одлични услови за работа, развој и едукација.