Жељко Бешлиќ во разговорот за магазинот Pluton Logistics

Nelt Group avatar Nelt Group 08.03.2021.

Преземено од: www.plutonlogistics.com

Компанијата Јавни складишта Суботица (JСС) е експерт во обезбедување на шпедитерски, складишни и други логистички услуги во областа на Суботица и пошироката околина, со традиција долга 60 години. Од 2008 година, JСС работи во рамките на Nelt Група, еден од најголемите и најуспешни деловни системи на Западниот Балкан.

Благодарение на својата позиција, големината на просторот за складирање, развиената инфраструктура и стручниот кадар, Јавни складишта Суботица во текот на 6 децениското успешно работење стана симбол за сигурност, квалитет и безбедност. За беспрекорното функционирање на сите процеси се грижат 34 вработени, а благодарение на капацитетите на складиштето и паркинг просторот за товарните возила, индустрискиот колосек и царинската испостава, ЈСС сервисира повеќе од 1.400 деловни партнери. На годишно ниво се занимава со околу 4.500 операции – oд прием и претовар до отпремање и други активности во складиштатa.

Претходната година изобилуваше со предизвици. На прво место, се водеше сметка за здравјето на вработените и на корисниците на услуги, беа преземени сите превентивни мерки за заштита. Иако пандемијата предизвикана со вирусот COVID-19 наметна некои нови околности, постигнавме добри деловни резултати, особено во сегментот складирање каде во маниплација беа реализирани повеќе од 135.000 тони различна стока, што е голем успех, вели на почетокот на разговорот за PlutonLogistics директорот на компанијата Јавни складишта Суботица, Жељко Бешлиќ.
PL: Кои се корисници на услугите на ЈС Суботица? Каква стока се складира во Вашите магацини и колку стока поминува низ нив на месечно ниво?

– Јавни складишта Суботица се сигурен партнер за 1.400 корисници. Различна стока, од земјата и од странство, пристигнува во нашите магацини по пат и железница, со камиони и железнички вагони. Располагаме со  25.000 m2 складишен простор и повеќе од 27.000 m2 паркинг простор наменет за сместување на камиони.

Според нашите проценки, низ нашите магацини месечно поминуваат повеќе од 11.000 тони различна стока – од широка потрошувачка до машини, вештачко ѓубре, апарати и разна друга опрема. Обезбедуваме услуги на складирање во амбиентални, но и во складишта со различни температурни режими. Капацитетот на складишта регистрирани во HACCP системот е 2.850 m2.
PL: На локацијата на ЈСС се наоѓа и царински терминал во рамките на кој работи ЦИ Јавни складишта Суботица. Колкава е важноста на партнерството со Царина кое трае подолго од 50 години?

– Благодарение на импресивниот капацитет за складирање, паркинг просторот на кој околу 200 камиони дневно можат истовремено да ги извршуваат своите активности, двојниот железнички колосек, рампите за претовар и истовар на стоки, Јавни складишта Суботица се важен и сигурен партнер на една од најефикасните цариснски испостави во Србија повеќе од половина век. Тука се, исто така, и магацините под царински надзор, како и канцелариите во кои царинските службеници ги извршуваат работите. Имаме одлична деловна соработка со инспекциските и надзорните служби во стриктна примена и спроведување на законските прописи, како и со шпедиции, транспортери и со сите други субјекти кои своите надворешнотрговински работи сакаат да ги доверат на тимот искусни професионалци.
PL: Почетокот на годината секогаш е добар момент кога зборуваме за плановите. На што ќе се фокусира компанијата ЈСС во 2021 година?

– Јавни складишта Суботица од 2008 година се дел од Nelt Група, која вработува 4.000 луѓе во 15 компании нa 11 пазари во Европа и Африка. Фактот дека сме дел од корпорација со таквo реномe за нас претставува огромна предност, но носи и голема одговорност. За нашите партнери, тоа е дополнителна потврда за сигурност, безбедност и квалитет на услугите.
Благодарение на стратешката позиција и близината на Европската унија, како и на одличната соработка која веќе половина век ја имаме со Царината, Јавни складишта Суботица се сигурен партнер на голем број задоволни корисници. Токму затоа и во 2021 година ќе настојуваме да ја оправдаме довербата и да ја зајакнеме соработката со сите клучни партнери, особено со Царината.
PL: Nelt Група ја издвои логистиката како важен столб на работењето во наредниот период, а неодамна е најавено и дека се во план значителни инвестиции во Суботица. Кажете нѝ нешто повеќе за тоа.

– Планираните инвестиции на Nelt Група во 2021 година изнесуваат повеќе од 10 милиони евра, пред се во проширување на интермодалниот терминал во Добановци, но и други еколошки, технолошки и транспортни сегменти во работењето.

Кризата која ја обележи претходната година всушност отвори една нова димензија на работењето. Повеќе од кога било до сега е важно да си сигурен и квалитетен играч на пазарот, а тоа е нешто на што инсистираат Јавни складишта Суботица. Ние сме добитник на сертификатот „Фирма од доверба“ зa 2020 година, која ја доделува Центарот за истражување на мислењето на клиентите. Тоа дополнително зборува за довербата што ја уживаме меѓу нашите партнери и квалитетот на услугите што ги обезбедуваме. Инвестициите кои ги разгледуваме, се однесуваат пред се, на проширување и модернизација на објектите и опремата како би можеле нашите услуги и понудата да ги подигнеме на уште повисоко ниво, како и што се очекува од нас.
PL: Интермодалниот транспорт е област која е се поинтересна и во Србија, а како една од особено погодните локации за инвестирање во оваа насока издвоена е и Суботица. Какви се Вашите очекувања?

– Oграничувањата со кои се соочивме во текот на корона кризата дополнително поттикнаа се поинтензивно насочување кон интермодалниот транспорт. Nelt Група го препозна овој тренд поради што и во наредните години ќе се инвестира во проширување на капацитетите на интермодалниот терминал во Добановци. Со оглед на локацијата и близината на Европската унија, извесно е дека Nelt Група ќе ги шири своите капацитети во Суботица, особено кога ќе се земе предвид железничката конекција, просторот за складирање со различни амбиенти и режими, но и луѓето кои врвно ја работат својата работа. Интересирањето за развој на локацијата во Суботица е многу оправдано и сосема извесно, а покрај Суботица, се разгледуваат и некои други локации како Ниш, поради коридорот кој оди кон Косово, Албанија и прстаништето Драч. Секако, пред нас се амбициозни планови, а оваа година дефинитивно ќе биде во знакот на инвестициите.

PL: Неодамна одбележавтe 60 години успешно работење. На кои вредности се гради долгогодишното реноме и кој е клучот на успехот кој трае со децении?

– Квалитетот на услугите, ефикасното извршување и професионалниот пристап кон секоја работа – тоа се нашите најважни адути. Бројот на соработници и клиенти зборуваат во прилог на истрајноста дека своето реноме и углед ги градиме токму водејќи се со тие вредности. Сакаме да бидеме сигурен партнер, одговорен работодавач и стабилен столб на локалната заедница.

PL: Претходната година во прв план го истакна фактот дека деловните резултати не се доволни за успех, доколку сите заедно не работиме за доброто на целата заедница. JСС влезот во 2021 година го одбележа со голема хуманитарна акција. Дали планирате така и да продолжите?

– Годината зад нас беше исклучително сложена и бараше дополнителни напори од нас за да ги надминеме сите предизвици. За нас беше многу важно да го зачуваме квалитетот на нашите услуги и угледот на сигурен деловен партнер, но истовремено да ги зачуваме безбедноста и здравјето на нашите вработени.

Како дел од Nelt Група, на која одржливото работење ѝ е во основа на сите деловни планови, освен грижата за вработените која во последниве месеци доби уште поголема димензија, сакаме да ѝ бидеме стабилен и сигурен столб на заедницата во која работиме. Претходната година ја завршивме на најубав начин – со донација на Домот за деца со пречки во развојот „Колевкa”. Во договор со оваа установа за приоритетните потреби на корисниците, обезбедивме помош во храна и производи за лична хигиена во вредност од преку 1.000.000 динари. Без оглед на тоа колку беа тешки претходните месеци, од оваа перспектива, многу сум горд на сите наши колеги, на нивната совесност, професионалност и одговорен однос како кон деловните задачи, така и едни кон други. Во 2021 година влегуваме многу амбициозно, затоа што знаеме дека сите наши планови се темелат на цврсти основи – квалитет на услугите и сигурност по кои не препознаваат.

Преземено од: www.plutonlogistics.com