На Montenomaks му е доделен статусот AEO

Montenomaks avatar Montenomaks 17.10.2021.

Црна Гора  на компанијата Montenomaks ѝ додели статус на овластен трговски субјект.

Во согласност со највисоките стандарди на ЕУ, во областа на соработката и партнерствата помеѓу бизнис заедниците (AEO концепт), Царинската управа на Црна Гора  на компанијата Montenomaks ѝ додели статус на овластен трговски субјект.

На тој начин Montenomaks стана прва шпедитерска компанија, а трет трговски субјект во Црна Гора на кој му е доделен AEO статус. Исто така е и четврта компанија на Nelt Група на која ѝ е доделен овој статус, после Nelt во Србија, Nelt ST во Северна Македонија и Neregeliа во Црна Гора.

Решението за доделување на AEO статус на извршниот директор на Montenomaks, Mиленко Поповиќ, му го врачи в.д. директорот на Управата за приходи и царина, Александар Дамјановиќ. На состанокот во име на „Montenomaks C&L“ присуствуваа и претставниците на Царинскиот сектор на компанијата Милица Јовичевиќ и Мишо Јововиќ, а во име на Управата за приходи и царина, началничката на Отсекот за царински постапки, Татјана Вујисиќ и независната советничка во Бирото за односи со јавноста, Марија Булајиќ Шкулетиќ.