Нелт за системот за безбедност на конференцијата ТИЛ

Nelt logistics avatar Nelt logistics 29.03.2019.

Конференцијата „Транспорт и логистика на Југоисточна Европа и Дунавскиот регион – ТИЛ 2019“ на 27 март ја отвори потпретседателката на Владата на Србија и министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура проф. др Зорана Михајловиќ.

Како традиционален учесник Нелт оваа година настапи на панелот со темата „Безбедносни предизвици на ланецот на снабдување“.

Иван Милиќевиќ, менаџер за развој на логистичкиот бизнис на групација Нелт, ја истакна важноста на системот за безбедност, имплементиран во Нелт, кој континуирано се развива.

„Нелт, како долгогодишен учесник во ланците на снабдување на пазарите од предизвик на Западен Балкан и потсахарска Африка и партнер на водечките брендови на глобалниот пазар, особено вложува во безбедноста. Системот за безбедност на групација Нелт е заснован на заштитата на лицата, работењето и имотот на сите компании во Групацијата. Следејќи ги светските трендови и барања на бизнисот работиме во согласност со стандардите ISO28000, ISO27001 и барањата TAPA FSR и TAPA TSR“.

Иван Милиќевиќ посебно ја акцентираше важноста на статусот на овластен економски оператор (Authorized Economic Operator – AEO) кој, како одговор на предизвиците од безбедноста, е дефиниран по нападите на кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк од 11 септември 2001 година.

На Нелт во 2017 година му е доделено највисокото ниво од овој статус – АЕО Ф – со што е потврдена усогласеноста на високите безбедносни барања во целокупниот ланец на снабдување на компанијата.

„Добивањето на статус АЕО Ф е резултат на тимската работа на повеќе сектори во компанијата – логистика, надворешна трговија, безбедност, финансии, ИТ и ЧР. Благодарение на статусот на овластен економски оператор, на своите клиенти можеме да им обезбедиме брзо царинење, и што е уште поважно, особено висок стандард на сигурност и безбедност. Сертификацијата е важна за Нелт, а истовремено е и доказ за високиот квалитет на услуги кои ги пружаме“, истакна Иван. Тој понатаму истакна и дека сертификатот овозможува поедноставени и забрзани царински постапки, што како резултат дава пократко време на транспорт, намалување на трошоците, како и подобрување при исполнување на барањата на клиентите.