Нелт традиционално на СЛA конференција

Nelt logistics avatar Nelt logistics 19.11.2021.

Учеството на IX годишна конференција на Српската Логистичка Асоцијација во Белград.

Компанијата Нелт учествуваше на IX годишна конференција на Српската Логистичка Асоцијација во Белград. Овој најголем логистички настан на Западниот Балкан се одржа на 9 ноември во хотелот Crowne Plaza во Белград.

Иван Миличевиќ, менаџер за иновации и логистички развој во компанијата Нелт, во текот на обраќањето на учесниците на собитот, објасни како интермодалниот транспорт може да стане посакувано транспортно решение за шпедитерите и да помогне во создавањето на поагилни синџири на снабдување.

„Aкцентот на безбедноста и сигурноста на сите учесници во синџирот за снабдување растe во последниве две години и дополнително ја актуелизира интермодалноста како решениеТерминалот на Нелт во текот на својата шестгодишна работа препознаен е како логистички јазол на Балканот благодарение на одличната локација, техничките и технолошките предности. Со последната инвестиција од два  милиони евра ги зголемивме капацитетите како би им обезбедиле на своите клиенти оптимална услуга. За Нелт, понатамошната трансформација на меѓународните текови во правец на интермодалност нема алтернатива и тука сме да ги поддржиме постоечките и идни партнери“, изјави Милиќевиќ при своето излагање.