Bоведен WMS G.O.L.D систем за управување со складишни операции

Nelt logistics avatar Nelt logistics 25.07.2018.

Вo РДЦ во Ниш

Во регионалниот дистрибутивен центар во Ниш успешно е имплементиран WMS G.O.L.D, систем за управување со складишни информации. Тимот, кој го сочинуваат вработените од Складирање, Логистика и Информациски технологии е заслужен за успешната реализација на проектот и е подготвен за нов подвиг – имплементација во Краљево и Нови Сад!

По воведување на овој систем во Централниот дистрибутивен центар во Добановци, објектот во Ниш е првиот кој својата работа ја унапреди на ист начин.

„Со оваа реализација ги обезбедивме потребните предуслови за успешна соработка со новите клиенти во Логистика. WMS G.O.L.D. носи појака мрежа и додатна компаративна предност на локално ниво“, истакнува Вук Мијановиќ, менаџер за оперативна извонредност во логистиката на групацијата Нелт.

WMS G.O.L.D. Stock, софтвер за управување со процесите во складиштето, овозможува оптимизација и максимална искористеност на сите складишни ресурси. Поврзан е со системите SAP и TMS-Sky Track, со што се постигнува поголема ефикасност во реализацијата на логистичките задачи. Во Ниш е лансиран на 23 јули, а до крајот на годината се очекува имплементација и во регионалните дистрибутивни центри во Краљево и Нови Сад.