Jавни складишта Суботица обележуваат 60 години успешно работење

Nelt Group avatar Nelt Group 20.01.2021.

2021 година во знак на јубилејот.

Компанијата Јавни складишта Суботица оваа година обележува важен јубилеј – 60 години успешно работење. Искуството, професионализмот, позицијата во непоседна близина на Европската унија, големината и капацитетот на складишниот простор, развиената инфраструктура, имплементираниот НАССР стандард за квалитет, како и стручноста на работната сила, оваа компанија ја направија сигурен партнер како за деловните соработници и клиенти, така и за Управата на царина.

„Веќе 60 години сме синоним за сигурност и ефикасност за сите наши соработници. Иако јубилејот го дочекуваме во изменети услови, нашите деловни планови се многу амбициозни. Во новата година влеговме донирајќи за Домот за деца со пречки во развојот „Колевкa“ од Суботица, производи за лична хигиена, храна за деца и месни преработки во вредност од преку 1.150.000 динари. Тоа беше наш начин да покажеме дека сме сигурен партнер и на заедницата во која работиме, но и да покажеме подготвеност заедно со граѓаните на Суботица да градиме подобри услови за живот и работење“, истакна Жељко Бешлиќ, директор на компанијата Јавни складишта Суботица.

Логистичката компанија ДОО „Јавни складишта“ веќе шест децении претставува лидер во обезбедувањето на шпедитерски, складишни и други логистички услуги на подрачјето на Суботица и околината. Покрај тоа, сопственик е на просторот на кој се наоѓа и царински терминал на кој е лоцирана и функционира една од најефикасните царински подружници во Србија „Ц.И. Јавни складишта Суботица„. Компанијата негува одлична деловна соработка со сите субјекти кои влијаат на успешното работење во врска со увозот и извозот на стока, особено со фито-санитарен, инспекциски и надзорни служби во стриктна примена и спроведување на законските прописи.

Од 2008 година, компанијата од Суботица е дел од Nelt Група, еден од најголемите и најуспешни домашни деловни системи кој работи на 11 пазари во Југоисточна Евопа и Африка и вработува речиси 4.000 луѓе.