Kонференцијата „Модернизација на транспорт, логистика и транспортна инфраструктура“

Nelt logistics avatar Nelt logistics 06.02.2020.

Посебен акцент ставија на дигитализацијата во логистиката.

Вук Мијановиќ, менаџер за логистика во Nelt, и Ненад Ракочевиќ, менаџер за оперативна извонредност во Nelt Група, на 4 февруари учествуваа на конференцијата во организација на Германско-српската стопанска комора (AHK Србиja), под покровителство на Министерството за економија и енергетика на СР Германија и во партнерство со германска компанија em&s GMBH.

 

Тема на конференцијата беше „Модернизација на секторот за транспорт, логистика и транспортна инфраструктура во Србија и Црна Гора“, а претставниците на Nelt посебен акцент ставија на дигитализацијата во логистиката, исклучително актуелна тема во оваа област.

 

Присутните имаа можност да се запознаат со актуелностите на пазарот во Србија, но и со асортиманот на производи и услуги на одредени германски компании во секторот транспорт, логистика и транспортна инфраструктура.