WHO – Светската здравствена организација е нов партнер на Nelt во БиХ

Nelt logistics avatar Nelt logistics 31.07.2020.

На листата на логистичките партнери на Nelt ѝ се придружува и WHO – Светска здравствена…

На листата на логистичките партнери на Nelt ѝсе придружува и WHO –  Светска здравствена организација во Босна и Херцеговина.

„Ние сме крајно задоволни што започнавме соработка со Светската здравствена организација и што имаме можност да учествуваме во еден дел од логистичкиот процес, што се однесува на складирање на стоки кои се исклучително важни во борбата против вирусот Ковид 19″, истакна Горан Церовина, директор на Nelt на пазарот на БиХ, по повод почетокот на соработката.

Во компанијата Nelt во Источно Сараево, се одржа свечано врачување на донација на заштитна опрема од страна на канцеларијата на Светската здравствена организација, наменета за здравствените работници во Босна и Херцеговина.

„Oва е уште една вредна донација, обезбедена од страна на Федералното министерство за здравство, во соработка со нашиот главен меѓународен партнер во борбата против вирусот Ковид-19 – Светската здравствена организација“, изјави Горан Черкез, заменик на федералниот министер за здравство.

Вкупната тежина на донираната опрема за борба против вирусот Ковид -19 изнесува 23 тони, од кои 12,6 тони наменети се за Федерацијата Босна и Херцеговина, додека остатокот ќе се упати во Република Српска и Брчко Дистрикт.

„Светската здравствена организација создаде платформа за донатори. Проценивме дека до крајот на годината ќе ни бидат потребни средства во износ од 1.7 милијарда долари, a до сега собравме околу 800 милиони”, изјави Виктор Олсавсзки, шеф на канцеларијата на Светската здравствена организација во БиХ.

Со истакнување на неопходност за почитување на превентивните мерки во борбата против вирусот Ковид-19, Олсавсзки потсети дека во светот во моментов има повеќе од 14.5 милиони потврдени случаи на зараза, и дека повеќе од 600 илјади луѓе починале.

„Nelt даде логистичка поддршка која се однесува на хуманитарната помош од Светската здравствена организација, со крајна цел да им се помогне на здравствениот систем и на здравствените работници во БиХ. Исто така, Nelt даде свој придонес во процесот на организација на прес конференции и предавање на хуманитарна помош, со акцент на тоа дека постои сериозна тенденција за соработка помеѓу Светската здравствена организација и нашата компанија и во другите области на работењето на Nelt“, рече Горан Церовина, директор на Nelt БиХ.