Нелт го дистрибуира Veet

Nelt avatar Nelt 01.02.2019.

Нелт започна со дистрибуција на производниот асортиман на Veet.

Veet е бренд на компанијата Reckitt Benckiser со која Нелт има долгогодишна успешна соработка.

На постојното дистрибутивно портфолио на Нелт од Reckitt Benckiser од областа на здравствената нега, кое ги опфаќа Durex и Scholl, овој февруари се придружи и Veet.

Познатиот и веродостоен асортиман на Veet содржи програма за депилација, наменета за жени. Настанат е пред повеќе од 100 години како прв бренд во овој сегмент на нега и убавина, а се одржал на позицијата број еден благодарение на иновациите во согласност со потребите на жените во светот. Денес, Veet се продава во 80 земји. Reckit Benckiser е британска меѓународна корпорација, основана во 1812 година. Една е од компаниите со најбрз раст на светскиот пазар на домашна хемија, лична хигиена и здравствена нега. Нелт ги дистрибуира производите на Reckitt Benckiser од 2006 година.