Нелт Група надмина милијарда евра приходи

Nelt Group avatar Nelt Group 22.12.2021.

Hајавата на работењето на Нелт Група во Хрватска и Словенија, преку основање на компанијата Nelt…

Консолидираниот приход на Нелт Група, еден од најуспешните домашни деловни системи, во 2021 година, надмина една милијарда евра. Импресивниот резултат на компанијата која работи на два континенти и вработува преку 4.000 луѓе, беше објавен на традиционалниот годишен собир на лидерите на компанијата со претставници на медиумите.

Покрај резултатите остварени во минатата година, беа најавени и планови за следната година. Посебно внимание предизвика најавата на работењето на Нелт Група во Хрватска и Словенија, преку основање на компанијата Nelt Europe.

„Влегувањето на Нелт на европскиот пазар е природен процес на развој. Нелт Еуропе ќе биде појдовна точка во ширење на мрежата на Нелтовите компании ширум Европа. Милена Вушак, реномиран професионалец со долгогодишно искуство во индустријата за FMCG, го презеде развојот на нашиот бизнис за Хрватска и Словенија со амбициозни планови за развој и дистрибуција на брендовите на Нелт на наведените пазари“, наведе Милош Јелиќ, генерален директор на Нелт Група.

И покрај фактот дека изминатата година беше исклучително сложена, Нелт Група успеа целосно да го прилагоди своето работење на ситуацијата и да го одржи својот синџир на снабдување без прекини на сите пазари. Исто така, ги продолжи одржливиот раст и вработување, и континуирано инвестираше преку 7 милиони евра во инфраструктура. Благодарение на инвестицијата од  два милиони евра, компанијата ги зголеми капацитетите на својот Интермодален железнички терминал во Добановци кој со одличната локација, ефикасно работење и технолошки инвации го потврди статусот на логистички центар на Западниот Балкан.

Лидерот во областа на дистрибуција и логистика најави значителен исчекор и забрзан процес на дигитализација. Во партнерство со реномираните светски компании во областа на технологијата и напредната аналитика, како што се компаниите Microsoft, SAS и ADD, ја продолжи работата на создавање на дигитален екосистем во деловното работење, како би се зајакнале размената на податоци, планирањето и партнерството со принципалите, купувачите, клиентите и добавувачите.

Развојната стратегија на компанијата и нејзината долгорочна одржливост се заснова на инвестициите кои се планирани за 2022 година во износ од 19 милиони евра, понатамошниот развој на брендовите на Нелт и влегувањето на новите пазари во Европската Унија.

 

Miloš Jelić, CEO of Nelt Group

Darko Lukić, Executive Vice-President at Nelt Group

Milena Vušak, Business Development Manager, Nelt Europe

Robert Jenovai, Chief Human Resources Officer at Nelt Group

Marko Milanković, Corporate Communications Manager, Nelt Group