Дигитализација во Северна Македонија: Иновации кои ја обликуваат иднината
Автор: Методија Христовски, Менаџер на синџир на снабдување, Нелт МКД
Дигитализацијата не е само тренд – таа е пат кон одржлив економски развој и иднината на бизнисот. Таа ја зголемува ефикасноста преку автоматизација на процесите, намалување на оперативните трошоци и минимизирање на грешките преку автоматизација на рутинските задачи и подобрување на точноста на податоците. Дигиталните системи овозможуваат анализа на податоците во реално време, што води кон подобро стратешко одлучување.
Понатаму, дигитализацијата отвора нови извори на приходи преку овозможување дополнителни продажни канали (е-трговија). Исто така, го подобрува задоволството на клиентите преку обезбедување побрзи и понадежни услуги и трансакции. Ова резултира со поголема продуктивност, примена на иновации и постигнување конкурентна предност, што на крајот придонесува за економски раст и развој на компаниите.
Дигитализацијата игра клучна улога во секојдневните операции на компаниите. Автоматизираните системи ги поедноставуваат процесите, ја зголемуваат продуктивноста и оперативната ефикасност, и обезбедуваат точност и конзистентност, намалувајќи ги човечките грешки и подобрувајќи ја доверливоста и задоволството на клиентите.
Нелт е компанија која чекори со трендовите и ги применува најновите технологии, при што процесот на дигитализација е длабоко интегриран во самиот срж на нашите операции. Во Северна Македонија, нашиот главен деловен систем е SAP, кој ги консолидира различните деловни процеси и обезбедува целосна прегледност на нашите операции во секое време.
Моментално имаме дигитализиран процес на теренска продажба, кој се реализира преку таблети или преку EDI систем за размена на податоци. Користиме дигитална мапа и систем за динамично рутирање за капиларни испораки. Со помош на системот за магацинско работење (WMS GOLD) управуваме со сите магацински операции.
Нашата цел е да имаме целосно дигитализиран дистрибутивен процес од почеток до крај. Соодветно на тоа, моментално работиме на имплементација на проектот „Дигитална доставница“, кој ќе овозможи испорака на стока без потреба од хартиена фактура – нашите клиенти ќе ја добиваат електронски веднаш по потврдата на испораката, дополнително подобрувајќи ја нашата оперативна ефикасност и одржливост.
Преку иновативни пристапи и континуирана оптимизација на нашите процеси, Нелт во Северна Македонија, но и на другите пазари, продолжува да обезбедува најдобри услуги за своите клиенти и да поставува нови стандарди во индустријата.
Патот кон целосна дигитализација не е само технички напредок, туку и стратешки чекор кон долгорочен успех, поефикасно работење и обезбедување врвни услуги на пазарот кој постојано се менува.