За бизнис културата на африканските земји

Nelt avatar Nelt 14.09.2021.

Аутор: Роберт Јеноваи, Извршен директор за човечки ресурси

Како пионер на нашите деловни операции на африканскиот континент Роберт Јеноваи, извршен директор за човекови ресурси на Nelt Група, зa Manpower Group ,,Knowledge Corner”, зборува за деловната култура на африканските земји, економскиот развој и карактеристиките на пазарот. Од 2011 дo 2017 година живеел и работел во Ангола и учествувал во воспоставување на нашите операции на трите африкански пазари.

***

Секогаш кога некој ќе ме праша како би ја опишал Африка во неколку реченици, на почетокот обично потсетувам дека Африка е континент, составен од 54 меѓународно признати земји. Сите земји имаат специфики и многу се разликуваат, како во историјата, наследството и културата, така и во политичкото, економското и деловното опкружување.

Меѓутоа, ако треба да ги групирам земјите во логични целини, би издвоил два клучни региона. Тоа се Субсахарска Африка, која се состои од сите земји јужно од Сахара и северноафриканските земји, кои се наоѓаат на картата северно од Сахара.

Земјите од Субсахарска Африка, покрај своите локални традиции, претрпеле и големо влијание од колонијалниот период кој, за жал, бил обележан со апартхејд, конфликти и политичка нестабилност. Во поновата историја, повеќето од овие земји успешно се минуваат низ демократски промени, кои имаат позитивно влијание врз деловното опкружување.

Не смееме да заборавиме дека Африка е втор по големина континент, како и втор најнаселен континент по Азија. Овие факти, заедно со стабилната политичка ситуација и брзорастечката економија, охрабрија многу мултинационални компании да инвестираат. Ова конструктивно влијае на развојот на самите земји, но и на животот и животниот стандард на населението.

Уште од периодот на поранешна Југославија, како и Движењето на неврзаните, Србија традиционално негува добри односи со голем број африкански земји. Тоа пријателство остана до ден денес во многу сфери. Покрај тоа, наоѓам сличности и во фактот дека потрошувачите сè повеќе ги следат светските трендови, но во исто време, тие во голема мера се свртени кон своите корени и се многу горди на својата историја и традиција.

Самата структура на малопродажбата е фрагментирана, и покрај се поголемото влијание на консолидацијата на модерната трговија. На некој начин сличане ситуацијата и на нашиот пазар, особено во споредба со развиените земји на Западна Европа.

Кога се работи за разликите во деловниот амбиент, би издвоил две теми. Во голем број од земјите воочливи се контрастите помеѓу богатите и сиромашните. Во регионот на Субсахарска Африка 41% од населението денес живее под границата на сиромаштија, што според дефиниција на Светската банка подразбира 1,9 долари дневно по глава на жител. Економиите рапидно растат, што дава причина за оптимизам. Сепак, тоа е процес што трае и потребно е време за да се избалансираат тие разлики. Друга тема е диверзификацијата на економијата, која треба да биде повеќе застапена. Многу африкански земји зависат од еден или два природни ресурси, така што цените на глобалниот пазар драстично влијаат врз економијата на тие земји. Во Ангола, тоа е сурова нафта, во Замбија бакар, а во Мозамбик, покрај земјоделството, кое е доминантно, главниот ресурс е природниот гас.

Многу земји во Африка денес спроведуваат сериозни реформи во образованието, така што во оваа прилика не би издвоил конкретни области на експертиза. Попрво би се занимавал со прашањето за вредноста, што е клучно. Кандидатот мора да биде отворен да прифати разновидност во сите сегменти, да има исклучително високи морални и етички принципи. Тој мора да биде подготвен да го пренесува знаењето, но и да учи од своите колеги на локално ниво, на пазарите. Покрај тоа, треба да биде подготвен за промени. Поминав речиси шест години во Африка. Бев одговорен за работата на Nelt на пазарите во Ангола, Замбија, Мозамбик, Зимбабве и Малави.

Конкретните совети кои и денес им ги давам на моите колеги за време на подготовките за одење во Африка, главно се следните: Запознајте ги земјата во која патувате, историјата, луѓето и обичаите; Научете го официјалниот јазик што се зборува во овие земји, на пр. португалски во Ангола и Мозамбик, англиски во Замбија, Зимбабве и Малави; Донесете цврста одлука во врска со заминувањето и секогаш консултирајте се со семејството; Бидете подготвени за промена на животниот стил; Кога ќе пристигнете, прилагодете се, бидете љубопитни, истражувајте, научете, создавајте, патувајте, стекнете пријатели. Aфрика ќе ја прифатите и безусловно засакате. За возврат, ќе добиете несекојдневна деловна можност, возбудлива животна авантура и искуство кое е тешко да се опише со зборови.