Логистичка пролет на Балканот

Nelt avatar Nelt 01.06.2019.

Аутор: Иван Миликевиќ, Logistics Business Development Manager

Мај беше обележан со добри вести, а состојбата со мултимодалниот транспорт е најдобриот показател за тоа каде сме и дали се движиме во вистинската насока на суштинска интеграција со глобалните текови, без кои нема ниту сегашност ниту иднина на економија на овие простори.

Логистиката како термин денес на сите им е одомаќинет, се користи при опишување на разни активности на човековото дејствување во речиси сите индустрии и сегменти од животот. Препорачливо е во моментов, така специфично глобално предизвикувачки во однос на сè порано во новата историја, да се потсетиме како влезе во терминологијата и во нашите животи. Никако поинаку, туку преку воената доктрина и францускиот јазик, кој ја опишува логистиката како дејност и научна дисциплина што се занимава со организација на движењето, сместувањето и снабдувањето на воените единици во војна и мир. Некако старогрчкиот збор „логистика”, што значи знаење за аритметика, се претворил во термин што означува практична и применета вештина од која зависеле и сè уште зависат резултатите од многу амбиции во мирот и војната.

Не е едноставно да се открие природата на денешните глобални амбиции каде потребата за доминација преминува од афирмативен и креативен во деструктивен израз. Секако тема за некои понатамошни разговори но непобитно е дека нема квалитетно остварување на целите без добра логистика. Значи, одамна препознаено, но нема економски раст без адекватна транспортна логистика. Животна вистина која на просторот на западниот Балкан, особено има смисла секогаш од почеток да се повторува.

Како стојат работите ако се прашуваме само ние на Балканот и ако е во прашање чистата економија од оваа област, работите би ми биле во најмала рака поинакви. За среќа, ние сме во период кога амбициите на големите глобални актери, колку што можеме да ги препознаеме, имаат конструктивна манифестација на темата економија и со тоа и логистика на државите на Балканот.

Така, во овој момент имаме иницијатива Три мориња која се однесува на 12-те членки на ЕУ, сместени меѓу Јадранското, Балтичкото и Црното Море. Во игра се Австрија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Чешка, Словачка, Унгарија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска. Во поканата за следниот состанок на оваа иницијатива, во Љубљана од 5 до 6 јуни, во делот на транспортниот модул се вели дека квалитетната сообраќајна инфраструктура е предуслов за обезбедување ефикасна и одржлива мобилност на луѓето и стоките. Пишува и дека во глобален контекст, тоа е лост за демонстрирање на економска и, индирктно политичка моќ и дека ја контролира сопственоста над стратешки важните транспортни јазли, како резултат на жешките политички, економски, и неизбешно сигурносни проблеми. Негде ќе најдете дека оваа иницијатива всушност е платформа дефинирана од страна на САД.

Понатаму ја имаме кинеската иницијатива Еден појас еден пат со својата подплатформа иницијативата 16+1 каде се собрани 11 држави членки на ЕУ и 5 балкански земји. Тука во тимот се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Македонија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија. Тука се вели дека во рамките на иницијативата, Кина дефинирала три потенцијални приоритетни области за економска соработка: инфраструктура, високи технологии и зелени технологии.

Европската комисија има своја платформа дефинирана во 2011 година преку бела книга со поставени цели до 2050 година, кои се артикулирани преку план за воспоставување мултимодална транс-европска транспортна мрежа, тнр.  TEN-T дo 2030 година. Шест од вкупно 10 коридори минуваат преку Балканот, поточно коридорите бр. 4, 5, 7, 8, 9, 10. Значи, и ЕУ смета дека сме интересни во размислувањети на одржливата транспортна иднина.

Накратко, логистиката како и самиот Балкан е жешка тема, временски и финансиски сложена и интересна за сите оние кои се прашуваат за нешто на глобален план. А што се случува во реалноста, кога сите тие високи политики ќе се спуштат на земја? Конкретно и малку пофокусирано на кличната работа, колку ни се подготвени морските пристаништа, а и оние речните, железничките врски од пристаништата кон копното, логистичките мултимодални центри во внатрешноста на копното? Јас всушност се прашувам за состојбата на мултимодалниот транспорт затоа што ги поврзува тековите на стоки што се движат низ океаните и копното и е јасен показател за тоа каде сме и дали се движиме во вистинската насока на суштинска интеграција со глобалните текови без кои нема сегашност или иднина на економија на овие простори, а како што можеме да видиме во игра се пошироки планови. Mултимодал во овој дел на светот? Пандорината кутија се чини многу жал и малку надеж на дното. Постоечката реалност, да не кажам злото опишани се во многу студии, последната квалитетна која детално го претресе регионот од 2016-те „Western Balkans Intermodal Study“ (City Net). Некои слични се најавени, на преимер на блогот на Светската банка во мај 2018 година „Intermodal connectivity in the Western Balkans” спонзорирани од страна на „Multi Donor Trust Fund for Mobility and Logistics” поддржан од страна на австриската влада.

Во меѓувреме се случуваат и некои добри работи. Според вестите од мај, надежта во Пандорината кутија сè уште покажува знаци на живот. На ден 27.05. Надзорниот одбор на водечката Европска асоцијација на железнички кластери (ERCI) одлучи да го прими во членство Кластерот на железниците на југоисточна Европа (RCSEE), кој ги собира добавувачите на железници од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора. Со ова конечно се комплетираше целиот европски простор во кој работи европската железничка индустрија.

На ден 26.05. пристанишето во Ријека до 2025 година ќе го престигне Копер. Клучна информација е дека во тек е избор на концесионери на период од 50 години за новиот контејнерски терминал Загреб Deep Sea. Исто така COSCO ја вклучи Ријека како свој втор избор по Пиреј.

На ден 24.05. COSCO Shipping најави редовен сервис преку пристанишето Ријека кон терминалот на Nelt во Белград, поврзувајќи ги далечниот исток и Балканот со користење на железницата. Ова е дополнителен сервис во однос на сличната врска која ја имаат со Белград преку пристаништето Пиреј во Грција. На ден 23.05. пристаниште Плоче: Невообичаено добар почеток на годината. Приходите во Q1 пораснаа 32%, новата управа и јасниот стратешки пристап на сериозниот мнозински сопственик Energijа Naturalis. Ова пристаниште е морската порта на БИХ.

На ден 22.05. новата товарна пруга во Смедерево, Србија, ќе го поврзе Пристаништето Смедерево со железничкиот коридор 10. Oва е реализација на план од осумдесетите години, важна е за масовни товари кои ги генерира железарата во Смедерево од неодамна во сопственост на кинеската HBIS GROUP.

На ден 22.05. Rail Cargo Group на саемот Transport & Logistics во Минхен ќе го промовира сервисот TransFER редовна железничка врска помеѓу терминалите Лоџ во Полска и терминалот Халкали во Истанбул, Турција. Оваа врска овозможува вмрежување на деловните центри во источна, јужна и југо-источна Европа.

Мај ветува, ова е пролетта што ни е потребна, логистичка пролет на Балканот.