Најдосадниот патник

Nelt avatar Nelt 18.12.2020.

Аутор: Љубомир Јовановиќ, Facility Manager at Nelt Group

Не е тајна дека денес поминуваме премногу време во користење на телефонот. Тоа е неверојатна алатка за контакт со пријателите и семејството, информирање, па дури и за деловно работење. Според студиите објавени на оваа тема, телефоните – иако стануваат попаметни, ни одземаат сè повеќе концентрација и внимание.

Според една студија, просечно поминуваме 3 часа и 15 минути на телефон, при што го земаме во рака и ја проверуваме содржината дури 47 пати на ден. Без разлика дали станува збор за преглед на известувања што се јавуваат со добро познатиот звук, или сакаме да се ослободиме од стрес со прегледување на некоја од социјалните мрежи – ова одвлекување на вниманието негативно влијае на концентрацијата, дури и кога не го земаме телефонот во рака.

Телефонот во автомобилот воглавно има свое место така да е на дофат на рака. Сепак, користењето на телефонот за време на возењето, дури и кога имаме поврзан hands free уред, Ви го одвлекува вниманието. Гледањето во телефон, пишувањето на СМС пораки или на цели е-пораки се вистинска лудост, ако знаеме дека со брзина од 60 km/h реагирате на појавата само по 17 метри, а сопирате уште најмалку 22 метри.

Светската здравствена организација (СЗO) со посебна студија дојде до податоци употребата на мобилни телефони за време на возењето е во скоро 11% од случаите во последниве години. Се смета дека овој процент е уште поголем, бидејќи самите податоци се многу тешки за проверка. Телефоните се одлична алатка и помош за секој од нас, но тие се многу опасни доколку не наведат да го тргнеме погледот од патот, да ги тргнеме рацете од воланот или да останеме без внимание.

Може да има место за телефонот во автомобилот, но не и во раката додека возите.

Како можеме да одолееме, барем накратко да не ги погледнеме нотификациите? Eве неколку совети кои можат да Ви помогнат да го пронајдете својот мир.

Одјавете се од апликацијата секогаш кога ќе излезете од неа и поставете си време во текот на денот или деновите во неделата кога сакате да бидете активни на социјалните мрежи. Можеби сè уште тоа не сте го согледале од овој агол, но Facebook, Instagram и Twitter се корисници на Вашето време.

Намалете го бројот на нотификации на екранот и направете го поедноставен за користење. Апликациите кои инаку Ви го одземаат вниманието преместете ги во посебни фолдери, така да се потрудите за да ги побарате и отворите.

Исклучете ги звуците или прилагодете го режимот на лет додека сте во автомобилот.

Деинсталирајте ги апликациите кои најмногу сте ги користеле и поминете на нивно користење на компјутер. Ова е ефикасен начин тие 30 минути кои не сте приметиле дека ги трошите на одредена апликација да ги искористете на некој подобар начин.