Половина век историско забрзување на комуникациските технологии

Nelt avatar Nelt 29.10.2021.

Аутор: Нада Стаматовиќ, Corporate Communications Specialist Nelt Group

Дали можете да го замислите животот без мобилен телефон, интернет, социјални мрежи, ТВ? Дали сте се запрашале некогаш кога започнала или како започнала комуникацијата? Еволуцијата поминувала низ различни фази но, ултимативното забрзување се случило во последните 50 години.

Комуникацијата постои од кога потои и човекот. Начинот на кој таа се остврува се смета за клучен во развивањето на човековиот вид. Вербалната се развила во периодот од  50 и 30.000 години п.н.e. Употребата на технологијата во комуникацијата може да се земе предвид од првата употреба на симболите 30.000 години п.н.e. како сликите од пештерите, петроглифи. Хиреоглифите, клинестото писмо, алфабетот овозможија подобра комуникација, разбирање и пренос на знаењето преку писмени содржини.

Мораа да поминат три милениуми за да се случи револуција во начинот на кој се создадени писмените содржини. Ги започна Гутенберг со печатарската машина. Со ова е овозможено нивното мaсовно производство. XIX и првата половина на XX век ги донесоа фотографијата, телеграфот, телефонот, филмовите, радиото, телевизијата, овозможувајќи масовна комуникација и глобализација.

Појавата на PC компјутери 1975, мобилни телефони 1973 и подоцна интернетот 1989 започна една нова ера на промени во општествениот и политичкиот живот, стиловите на корпоративното управување, семејните врски, работните навики.

Промените ни се случуваат во од, а ние се обидуваме брзо да ги усвојуваме и имплементираме во приватниот и деловниот живот. Оваа историска еволуција што ни се случува во реално време отвора бројни прашања. Дали подобро се разбираме денес? Дали сме подобро информирани? Дали мобилниот телефон навистина стана наша продолжена рака, неделив дел од телото? Дали сме господари или слуги на новите технологии? Што добивме, а што изгубивме?

Видео конференции, учење „на далечина”, viber, whatsup, социјални мрежи, бројни апликации се создаваат како потреба за комуникација. Состаноците се одржуваат преку zoom, teams. Со семејството и пријателите разговараме гледајќи се преку екранот на мобилните екрани. Онлајн продажбата даде нова димензија на информирање на потрошувачите и купувањето од фотелја.

Комуникацијата и понатаму ги поврзува општеството, корпорациите, семејствата, научните кругови. Достапноста на информациите и брзината со која може да се дојде до нив е фасцинантна. Прашање е како ги користиме. Дали се изворите кредибилни, дали се точни информациите? Виралноста те. брзината на ширење и проследување на информациите со помош на социјалните мрежи доби вртоглаво забрзување. Ако на тоа се додаде и можноста во текот на преносот тие дополнително да се трансформираат, како краен резултат добиваме голем број на дезинформирани луѓе со ставови кои се засноваат на неточност. Со тоа секојдневно се соочуваме. Особено, во периодот на пандемја. Таа јасно ни укажа на тоа дека е знаењето моќ, а дека незнаењето може да биде многу опасно.

„Ниту една човекова способност не била толку пресудна за развој на цивилизацијата како способноста за собирање, размена и примена на знаењата. Цивилизацијата беше овозможена само со процесот на човечка комуникација“. рече генијалниот Фредерик Вилијамс.

Сепак, медалот секогаш има две страни. „Технолошката моќ расте, но ескалираат и потенцијалните опасности. Можете да ги искористите сите информации што ќе ги најдете, но со доза на недоверба и сопствена проценка“, вели Алан Тофлер, американски футурист и писател познат по своите коментари за дигиталната и комуникациската револуција.

Дали информациите ќе ги користиме буквално или ќе размислуваме критички? Дали ќе бидеме господари или слуги на новите технологии? Од нас зависи.