Физичката активност е важна

Nelt avatar Nelt 06.05.2020.

Веројатно често слушате колку е важна физичката активност и тоа е навистина точно! Покрај тоа што влијае на нашиот изглед, неизмерно е важна за нашата општа здравствена состојба, а има големо влијание и врз нашето ментално здравје.

Немаме секогаш време за сериозни и долги тренинзи, но и неколку едноставни вежби, повторени неколкупати неделно, може да ни бидат од голема корист!

Тие се доволни за да се размрдаме и добро да се истегнеме, што ни е неопходно ако седиме на компјутер, цел ден го поминуваме во своите возила или работиме многу напорна физичка работа.

Некои од нас во текот на претходниот период биле неспоредливо помалку активни од претходно, а ова е добар начин полека да се вратиме во форма.

Личниот тренер Александар Тодориќ сними за нас препорака за сет вежби за мобилност кои можеме да ги правиме секојдневно. Во овие мини тренинзи можете да ги вклучите и своите домашни и децата, бидејќи вежбите се прилагодени за сите!

ВИДЕО