Биди чувар на животната средина

Nelt avatar Nelt 12.02.2021.

Aутор: Нада Стаматовиќ, Corporate Communications Specialist Nelt Group

Во последно време се повеќе се зборува за зголемување на аерозагадувањето во нашиот регион, но и во светот. Кога луѓето размислуваат за аерозагадувањето, повеќето веднаш замислуваат густ смог кој ги преплавува градовите и индустриските постројки. Ова е првата и најочигледна форма на аерозагадување, но не е единствената. Овој текст ќе го започнам со дефинирање на поимот „аерозагадување“ на пошироко ниво. Аерозагадувањето во својата најосновна дефиниција е внесување на штетни материи во атмосферата на Земјата. Важно е целосно да ги разбереме причините, последиците и можните решенија за аерозагадување со цел да се однесуваме одговорно и да ја заштитиме својата животна средина, но и целата планета, како индивидуи и како компании.

 

ПРИЧИНИ

Причините за аерозагадувањето се многубројни. Читајќи различна литература, се обидов да ги категоризирам на поопшто ниво. Јас ќе ги набројам сите, но особено внимание ќе посветам на оние на кои Nelt влијае со своето работење, обидувајќи се да го намали своето влијание со спроведување на бројни иницијативи.

Издувни гасови од возилата– извор за аерозагадувањето број еден во градските средини се издувните гасови од возилата кои испуштаат големи колечества на јаглен-моноксид.

Eлектрани на фосилни горива – за време на процесот на согорување се ослободуваат хемикалии како сулфур-диоксид, кои одат право во атмосферата. Овие видови на загадувачи реагираат со молекулите на вода давајќи нешто што е познато како кисел дожд. Тоа е една од причините зошто се истражуваат подетално алтернативните извори на енергија како што се нуклеарните, соларните и ветерот. Тие имаат тенденција да испуштаат многу помалку загадувачи во животната средина за да произведат еквивалентни количества на енергија.

Издувни гасови од индустриски постројки и фабрики.

Градежни и земјоделски активности.

Природни причини – вулкани, шумски пожари и бури од прав се природни настани што исфрлаат огромно количество на аерозагадување во животната средина.

Активности во домаќинствата – честопати е полесно да се смета загадувањето на отворено како примарна опасност на пошироко ниво, но не отфрлајте ги малите секојдневни активности кои исто така влијаат на нашето здравје. Вообичаените хемикалии за домаќинства, особено избелувачот, без соодветна вентилација, се примарен извор на аерозагадувањето во затворено. Пушењето тутун со употреба на цигари и пури исто така ослободува токсични загадувачи во воздухот.

 

ПОСЛЕДИЦИ – ШТЕТНИ ЕФЕКТИ

Сега кога ги знаеме виновниците за аерозагадувањето, треба да ги согледаме и штетните ефекти. Со нарушување на рамнотежата на природните гасови што ја сочинуваат атмосферата на нашата Земја, озонската обвивка се уништува, а стапката на глобално затоплување се зголемува. Дали можете да ги видите проблемите што ова може да ги предизвика? Пред сè, треба да се земе предвид факторот човеково здравје. Доколку се луѓето во опасност, тогаш се загрозени и останатите форми на диви животни и органски суштества. Потоа, тука се и ефектите врз планетата и нејзината атмосфера. Сега кога ги знаеме виновниците за аерозагадување, треба да ги согледаме и штетните ефекти.

РЕШЕНИЈА

Разбирањето на причините и последиците е важно за да можеме да одредиме како најдобро да се бориме против загадувањето. Moжеме да ги класифицираме на следниов начин:

  • Минимизирање на употребата на возила со фосилни горива
  • Планирање и оптимизација на потрошувачката на енергија
  • Заговарање за користење на чиста енергија
  • Рециклажа

 

ИНИЦИЈАТИВИ НА NELT ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ШТЕТНИТЕ ВЛИЈАНИЈА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Минимизирање на употребата на возила со фосилни горива – Со оглед на природата на основните дејности, најголемото влијание на Nelt на животната средина се остварува преку транспортот – меѓународен и домашен. Со оптимизирање на рутите, набавката на возила по критериумот на оптимално искористување на товарниот простор и сила потребни да се изврши работната задача, се влијае на намалувањето на гориво. Во Србија 2017 година имплементиран е проектот Еко возење каде се наградуваат возачите со најекономичен стил на возење, а 2019 година овој проект е применет и на останатите пазари на кои работи Nelt. Во Србија 2015 година, започна проект на имплементација на возила со погон на компримиран природен гас – КПГ, за да се тестира ова алтернативно гориво со цел обезбедување на почист, сигурен и трошковно поефикасен транспорт. Иако се работи за фосилно гориво, тоа претставува најчисто гориво од тој вид. За сега во флотата на Nelt постојат 17 возила со погон на КПГ – 15 за потребите за теренска продажба и 2 товарни возила за доставување на стока на купувачите, воведени кон почетокот на 2019 година. Со обезбедувањето на подобра инфраструктура за снабдување со овој вид на гориво, во план е бројот на овие возила и понатаму да се зголемува.

Планирање и оптимизација на потрошувачката на енергија – Покрај транспортот, значителна потрошувачка на енергијата потекнува од употреба на природен гас за греење, како и од потрошувачката на електрична енергија. Во периодот од 2018 и 2019 година се започна со користење на инфраструктурата во која Nelt Група инвестираше 15 милиони евра. Се работи за „паметни складишта“, првото во централниот дистрибутивен-логистички центар во Добановци (Србија) и вториот во Источно Сараево (Босна и Херцеговина). Oбјектите на двете локации се проектирани и изградени по најновите технологии кои овозможуваат оптимизација и намалување на потрошувачката на енергија и следење на процесите кои се одвиваат во рамките на објектот.

Воведување на системот SCADA во 2015 година, придонесе за оптимизација за користење на гаста, а со тоа и за вкупно намалување на потрошената енергија. Како би можеле процесите дополнително да се оптимизираат и подобрат, на SCADA системот со тек на време додавани се нови паметни уреди и сензори, со што се придонесе за новите намалувања на влијанието на карбонскиот отпечаток на компанијата. Направено е поврзување на елементи со системите кои самостојно ја сметат внатрешната и надворешната температура и одлучуваат кога треба да се активираат одредени системи. Со тоа се влијаеше на намалување на потрошувачката за греење, ладење и вентилација во складиштата. Усовршено е до таа мерка што по потреба се користи надворешен воздух за обезбедување на посакуваните услови во просторот на складиштата. Поставени се и сензори за температура и за влажност за кои системот може да известува во форма на табеларен преглед на измерените големини. Oвозможено е и испраќање на известувања преку SMS пораки на одговорните лица во Nelt Група во случај на ситуации кои бараат итно реагирање. Една од иницијативите на Nelt Група кои се применуваат со цел намалување на потрошувачката на електрична енергија претставува воведување на расвета со LED технологија.

Рециклажa – системско управување со амбалажниот отпад. Со учеството на нашата компанија во системот на оператори за управување со амбалажниот отпад, се намалува количеството на амбалажниот отпад  кој завршува на депонии и со самото тоа се намалува количеството емисија на CO2. Со отварувањето во 2019 година Nelt во партнерство со операторот Sekopak oбезбеди повторно искористување на 2.272,714 тони собран отпад. Со ова се надминати минатогодинешните национални цели за рециклажа. Заштедата на емисија на CO2 е на ниво од 864,74 тони гориво и речиси е двојно зголемена во однос на претходната година. Покрај системското управување со тековите на отпад, сите ние  кои сме вработени во Nelt придонесуваме за заштитата на животната средина на колегите и колешките во скалдиштето, кои го собираат и раздвојуваат отпадот во текот на подготовката на стоката за дистрибуција до вработените во канцелариите кои користат поставени сепаратори во зградите и рециклажни острови поставени на локациите на дистрибутивно-логистичките центри на Nelt во Добановци, Ниш, Нови Сад и Краљево. На овој начин касифицираниот отпад заедно со амбалажниот отпад создаден од процесите на работа на складиштата се собира и пресува во еко-дворот, поставен покрај Хала 2 во Добановци.

 

ЗАКЛУЧОК

Ги наведов вообичаените причини, последици и решенија за аерозагадувањето. Покрај компанијата и ние како поединци можеме да направиме избор да возиме помалку токсични автомобили. Самите можеме да избереме колку енергија ќе трошиме секој ден. Ние исто така можеме да одлучиме повторно да ги користиме старите материјали наместо да ги фрламе во животната средина. Аерозагадувањето може да има катастрофални последици по нашите тела и планетата. Кои се Вашите размислувања на оваа тема?