Детски ден во Nelt по деветти пат

Nelt avatar Nelt 31.08.2021.

Eдинствена можност децата да се запознаат со работната средина на родители.

Tрадиционалната манифестација за децата на нашите вработени се одржа по деветти пат оваа година. Преку едукативните работилници, бројните игрички и активности им го разубавевме неделното попладне на 150 дечиња од Белград и Нови Сад.

Бидејќи нашата компанија се заснова на семејните вредности, HR тимот на Nelt посветува посебно внимание на активностите кои го поддржуваат балансот на деловниот и приватниот живот на вработените. Меѓу бројните активности, еднаш годишно се организира и Детски ден, манифестација на која се радуваат нашите деца, а и вработените. Покрај едукацијата и забавата, Детскиот ден е единствена можност децата да се запознаат со работната средина на своите родители.