Небојша Шапоњиќ и Ранко Сочанац во одбор на Собранието на Српскиот деловен клуб

Nelt Group avatar Nelt Group 16.12.2020.

Oдржана изборна седница на Собранието на Српскиот деловен клуб „Привредник“.

Ранко Сочанац избран е за член на извршниот одбор на Собранието на Српскиот деловен клуб „Привредник “, додека Небојша Шапоњиќ е избран за член на надзорниот одбор на изборната седница која се одржа на 15 декември 2020 година. Шапоњиќ и Сочанац се основачи на Nelt Група која е призната како една од најголемите домашни компании.

Покрај Шапоњиќ и Сочанац, во состав на извршниот одбор се и Мирољуб Алексиќ, Миодраг Бабиќ, Рашко Московљевиќ, Топлица Спасојевиќ и Ивана Веселиновиќ, додека во надзорниот одбор се наоѓаат и Драгијана Радоњиќ Петровиќ и Зоран Обрадовиќ. Во согласност со иницијативата за продолжување на мандатот на Дракулиќ за уште две години поради неговите напори и успешно управување со Клубот, членовите едногласно направија преседан и во третиот мандат за претседател на Клубот го избраа Зоран Дракулиќ.

Членовите на Клубот, кои ги претставуваат најголемите српски компании, внимателно ги следат случувањата во процесите на создавање на деловно опкружување, особено во ова време кога целата економија е под влијание на последиците од пандемијата на вирусот корона. Како и секогаш, членовите ќе се залагаат за максимално вклучување на реалниот сектор во процесите на дефинирање на конкретни политики и мерки.

Oваа година, изборната седница се одржа електронски.